47-годишната Рашида Дати, тврди дека татко на детето е 68-годишниот мулти-милионер бизнисмен Доминик Дезење, со кој била во 2008-ма, кога забременила.
Дезење кој одбива да направи ДНК тестови за да провери татковство, во интервју за М (магазинот на Ле Монд) објаснува дека имал само "авантура" со сегашната министерка и дека не знае дали е татко на 3-годишното девојче.
Истовремено, неговите адвокати тврдат дека имаат докази дека во тоа време министерката била вклучена во "осум врски." На списокот се наведени: тв водител, министер, ЦЕО, шпанскиот премиер, братот на Саркози, јавен обвинител од Катар и наследник на империја за луксузна роба.
Според францускиот закон секој може да одбие да направи тест за татковство.
Дезење се проценува дека вреди над половина милијарда евра, и е еден од блиските бизнис сојузници на Саркози. Токму во неговиот ресторан, Саркози пред неколку години ја прослави победата на изборите за претседател.
Самата Дати беше министерка во владата на Саркози, пред да биде сменета во 2009-та заради лоши резултати.
Минатата недела се дозна дека сегашната прва дама, во минатото во исто време им била љубовница на тогашниот опозиционер Франсоа Оланд и на министерот во владата на Саркози, Патрик Деведјиан. Во тоа време сите тројца биле во брак или долга врска.