Разболено од виорот

Вртоглавица, проблеми со рамнотежа, губење меморија, неспособност за концентрација, несоница, тахикардија, зголемен крвен притисок, главоболки, анксиозност, депресија.... На сите овие симптоми се жалат луѓе кои живеат во близина на едни од наjпријателските (по човековата околина) извори на енергија - ветерниците. 

"Да се работеше за нуклеарна централа, нашите проблеми немаше да се симнат од насловните страници," изјавува една Англичанка која тврди дека догогодишното живеење покрај ветерните турбини го нарушила здравјето на целото нејзино семејство. Вели дека некогаш зема и по 15 валијума за да може да заспие.

Официјалниот сајт на британскот оддел за обвновливи енергии тврди дека не постојат никакви докази дека ветерниците некому му го нарушиле здравјето. Наспроти ова, Деили Меил наведува оти постојат илјадници здравствени сведоштва од целиот свет дека ветерниците сепак не се здрави комшии.

"Синдром на ветерни турбини" е колоквијалниот назив на комплекс здравствени проблеми на кои се жалат луѓето покрај ветерниците. Феноменот ни оддалеку не е истражен но се верува дека главниот причинител за сите проблеми е константниот звук. Слично на феноменот од 80-тите и 90-тите години, кога се утврди дека серија несакани симптоми се јавуваат заради нискофреквентиот звук (Low Frequency Noise - LFN) на тогашните недоволно наштелувани системи за ладење во зградите.

Комбинацијата на LFN и тнр "амплитудна модулација (бучава на ветерниците со непостојана гласност) може да предизвика чувство на слабост, слаба концетрација и вртоглавица.

До пред некоја година, било каква критика на ветерниците беше гледана како еретичка иако бенефитите од нив се се толку убедливи.

Доктор Гордон Хјуз од Универзитетот во Единбург тврди дека енергијата од ветер е несигурна и нема никаква вистинска пазарна вредност бидејќи и е потребен 100 процентен бекап од стандардни фосилни горива. 

Истражувачкиот институт Версо Економикс утврди дека за секое "зелено" работно место отворено со пари од даночните обврзници, умираат по 3,7 работни места во реалната економија. Истражување нарачано од шпанската влада преброи дека една ветерница годишно убива просечно по 300 птици.

Но, парите се убави. Енергијата добиена од ветерници дебело се субвенционира а заработуваат и оние кои ја рентаат земјата.

Свекорот на британскиот премиер заработувал 1.000 фунти дневно од 8-те ветерници кои се поставени на негово земјиште а постојат лендолордови кои на ист начин заработуваат и неколкумилионски износи.

 

9 септември 2012 - 22:12