Мајката на Готфрид изјавила дека тој е 23 часа во самица без човечки контакт, а единствена интеракција му е со стражарите.
Неофицијално причина за самицата е што властите веруваат дека Готфрид е поврзан со хакирањето на Логика, шведската компанија за технологија поврзана со тамошните даночни власти. Но тој се уште не е обвинет во овој случај.
Објаснувањето е дека ако го пуштат да шета меѓу луѓе тој би можел да уништи докази или да влијае на истрагата, во која уште не е покренато обвинение против него.
Како што објаснува мајка му, за разлика од првиот месец сега работите се малку поопуштени во самицата.
"Забраните што му ги воведуваат ги одредува обвинителот. Има ТВ во неговата ќелија и може да купува цигари и благо во понеделник и во среда. Тој има право на еден час дневно физичка активност надвор, во двор со високи бетонски ѕидови. Ова е единственото време кога тој смее да ја напушти ќелијата. Освен стражарите, единствено јас имам право да го посетам на 1 час еднаш неделно, и за цело време со нас се двајца полицајци кои го слушаат разговорот," изјавила за ТоретнФрик мајката на Готфрид.
Освен ТВ, тој има и книги во ќелијата, а не чита весници бидејќи единствениот што му е дозволено да го купи е таблоид кој не сака да го чита.