Истрага за Гранит Џака, добил многу сомнителен жолт картон на кој се вложила огромна сума

Нов скандал го дрма англискиот фудбал: тамошните чиновници во ФА отвориле истрага за чудниот жолт картон на „неименуван“ фудбалер на Арсенал затоа што била регистрирана висока уплата кај букмејкерите за такво нешто.

Според информациите на The Athletic, букмејкерите ја предупредиле Фудбалската асоцијација на Англија (FA) дека забележале абнормално висока сума за тип на обложување - жолт картон. Обично на таа линија обложувачите не ризикуваат и ова е прв таков случај во 20 години откако е воведена строга контрола на уплатите.

„Го разгледуваме случајот“, кратко одговориле од организацијата.

Во случај да се докаже дека фудбалерот намерно добил жолт картон, за да задоволи обложувачка уплата, го чека драконска казна.

Во 2018-та година прогласен за виновен дека намерно добил жолт картон бил еден стопер на Линколн, Бредли Вуд. Казната што ја добил била: шестгодишна суспензија од фудбалот и забрана за какво било обложување.

Уште посериозен беше случајот со англискиот репрезентативец и врвен бек, Киран Трипие кој доби едногодишна суспензија кога беше на врвот на кариерата. После замина во Атлетико Мадрид со кој играше Лига на шампиони а од пред неколку недели е нов член на богатиот Њукасл.

КОЈ БИ МОЖЕЛ ДА БИДЕ ИГРАЧОТ НА АРСЕНАЛ, НАГАЃААТ МЕДИУМИТЕ ИАКО ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ Е ГРАНИТ ЏАКА

Дали постојат докази за тоа?

Откриена е информацијата за кладбата: некое лице уплатило дури 65.000 фунти (!) дека Гранит Џака добива жолт картон на мечот со Лидс Јунајтед.

Натпреварот се одигра на 18 декември 2021 година кога Арсенал убедливо славеше со 4:1. Во тимот на „топџиите“ единствен жолт картон доби Албанецот кој игра за Швајцарија, Гранит Џака.

Некои од коментарите се дека за да не ризикува директен црвен картон за груб старт, Џака во 86' минута кога мечот веќе бил решен, одлучил при еден фаул за Арсенал на нивната половина, непотребно долго да го задружва изведувањето на слободниот удар.

Иако на почетокот на вториот дел Гранит Џака за малку ќе добиел црвен картон поради ужасно грубиот фаул над Бразилецот Рафиња, судијата Андре Маринер не му дал ниту жолт картон. 

ЏАКА Е НАЈСКАНДАЛОЗНИОТ ИГРАЧ НА АРСЕНАЛ: РЕДОВНО ДОБИВА КАРТОНИ, СЕ ВМЕШУВА ВО ПОЛИТИЧКИ СКАНДАЛИ, ОДБИВА ДА СЕ ВАКЦИНИРА

Во 2018-та година Гранит постигна гол на мечот Србија - Швајцарија на Светското првенство во Русија и при прославата на гол кон трибините покажуваше со рацете симбол на орел - препознатлив албански симбол. Не беше суспендиран за тоа.

После две години, за време на еден натпревар со Кристал Палас не сакаше да го напушти теренот кога тренерот го извади од игра. Навивачите го исвиркуваа зошто на екипата и требаше брз гол, а тој во без го фрли на земја и дресот и капитенската лента и влезе во подтрибинскиот простор.

Во 2021-ва Џака отворено одбил вакцинација. После јавниот настап отишол да игра за репрезентацијата и таму се заразил со вирусот. Швајцарија беше на зелена листа на Велика Британија па при доаѓањето од таму во Лондон не му требал карантин.

Тој е еден од најопоменуваните фудбалери во Премиер лига. Од 2016/2017 кога од Борусија Менхенгладбах дојде во Арсенал, никој фудбалер во Премиер не добил повеќе црвени картони од него - 5 исклучувања.

Тој има вкупно 50 картони (жолти и црвени) за 5,5 сезони во најдобрата англиска лига.

Уште еден бонус: во декември 2020-та со Барнли беше исклучен во 55' минута, со Манчестер Сити во 35' минута а против Ливерпул уште во 24' минута - моменти кога ги оставаше соиграчите на цедило.

Гранит Џака неколку пати изјавуваше дека работата не е само до него туку дека судиите постојано му даваат картони само поради неговата репутација како таков. Сега делото излегува надвор од терените, истрагата е во тек.

20 јануари 2022 - 11:15