Се сеќавате ли на младиот фудбалер на Лацио за кој некои тврдеа дека има 42 години

Сигурно дека не сте го заборавиле најјакиот муабет од италијанската Серија од пред неколку години.

Во 2014. година младиот (по документи) Џозеф Минала стана нов играч на Лацио. Навивачите на римскиот клуб меѓусебно дискутираа каков калибар е, дали ќе биде добро засилување, која позиција ја покрива.

И кога на интернет се појави фотографија од Џозеф Минала, изгледаше како тој да има најмалку 45 години. Некои италијански медиуми одеа до таму што тврдеа дека е сигурно дека Минала има 42 а не 17 колку што стоело во официјалните документи на фудбалерот.

ШТО СЕ СЛУЧИ СО НЕГО НИЗ ГОДИНИВЕ? ИГРАШЕ ЛИ НЕКАДЕ?

Поради скандалот кој изби во Италија околу правите години на Минала, дури и Фудбалската федерација на Италија покрена истрага, но не нашла никакви докази за некаква измама и фалсификат на возраста.

Минала после тоа го снема од колоните вести и веќе никој не го спомна.

Но така беше се до јули минатата година до кога Минала бил играч под договор со Лацио. Дури и во една прилика заигра 23 минути во Серија А за некогашниот шампиоон на Италија.

Цело време го праќаа на позајмици, во Бари, во Салернитана, претежно на југот од Итаија.

2020-та година патот го однел Камерунецот дури до Кина.

Кој беше негов најуспешен период во кариерата? Би можел да се каже дека е 2-годишната позајмица во Салернитана од 2017-2019 кога во Серија Б одиграл дури 64 меча и постигнал 6 гола.

КАКО ИЗГЛЕДА ЏОЗЕФ МИНАЛА СЕГА?

Според документите Камерунецот сега има 25 години. Во октомври 2021 година нашол нов клуб - Лукезе во Серија Ц и веќе одиграл 5 меча со новата екипа.

Во цела кариера одиграл 115 натпревари и постигнал 11 гола во професионален фудбал што и не е воопшто лошо за фудбалер од среден ред кој беше поврзан со многу сериозен скандал.

Еве како Џозеф Минала изгледа денес:

18 јануари 2022 - 12:18