Бритни Спирс мрази ролат од мелено месо и секаква „набабрена“ храна. Артуро Тосканини мразел риба. Ен Рајнд се грозела од салати. Оваа книга е истражување на светот на храната, но од страната на аверзиите кон неа.
Од скромно сточарско потекло до кулинарска ѕвезда - вака би можела да гласи една богата историја на путерот. Токму тoa e и насловот на книгата за вистинскиот „шеф“ во кујните на познатите шефови.
Горчина. Јарост. Бес. Палетата чувства кои би можеле да се категоризираат под „лутина“, рефлектирана и во јазикот, варираат и во интензитет, и во тоа кон што се насочени.
Деновиве (и не само деновиве) кај нас е актуелна темата со расфрлањето отров по улици со кој се трујат уличните животни. Но во екстремни околности низ историјата луѓето се решавале сами да ги еутаназираат своите миленици. Оваа книга зборува за една таква трагедија, која се случувала непосредно пред Втората светска војна.
Вознемирувачка, ама издржана лекција по историја: нова книга тврди дека ретките случаи на еднаквост од глобални размери била постигнувана исклучиво во времиња на големи кризи, кога на Земјата шетале четирите јавачи на апокалипсата (кои додуша ширеле несреќи главно во женски род): глад, смрт, војна и освојување. Зарем до ова дереџе дојдовме, да се надеваме на апокалипса?
Ако е точно дека „една слика е илјада зборови“, тогаш и моќта таа да излаже е пропорционална на оваа математика. Ова е откриено прилично рано во историјата на фотографијата, а масовно се користи и денес.
Хариет Лернер е опишана како „еден од најсаканите и најпочитувани експерти за врски во Америка“. Сега има нова книга која укажува на моќта на извинувањата, особено ако тие се направени како што треба.
Човечката коса е чудна материја, истовремено и отпад и скапоцен производ. На местото каде паднало само едно влакно од главата на Буда е изградена златна пагода - ама ако најдете едно влакно во јадењето, тоа е грозно. Перчиња коса се чуваат и како спомен од бебиња, и како реликвија од умрени. Без оглед дали е фетиш или суровина, косата раскажува многу приказни.
Не дека и порано луѓето немале тајни, но мобилните и интернетот ја искомплицираа работата. Добронамерен совет: не го гледајте филмов со партнерот/ката ако имате што да скриете. А имате.
Само што сте станале а веќе се чувствувате изнемоштено? Сите околу вас делуваат ко папсани, без елан, ментално и физички стресени? Не го обвинувајте „современото темпо на живот". Уморот е со нас откако постоиме како вид.
Целосниот назив на книгата за којашто станува збор е: „Магијата на к*р ме боли: како да престанеш да трошиш време што го немаш со луѓе што не ти се допаѓаат, правејќи нешта што не сакаш да ги правиш". Од одма препознавте дека таа е и за вас?
Иако на прв поглед изгледаат како да се за мачење, овие машини биле врв на „механотерапијата", метод на одржување на здравјето промовиран во време кога докторите за оваа цел главно советувале „пуштање крв".
Kнигата која во Србија се појави во мај оваа година, и веќе доживува петто издание, се опишува како прва биографија на историскиот лик на Марко Мрњавчевиќ. Но со оглед на тоа што Крале Марко не е само српски, туку и епски лик во фолклорот на сите Јужни Словени, тешко е да се објасни зошто требаше толку време за да се појави една ваква книга.
Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја
Од почетоците на земјоделството до современото производство на пиво, оваа книга чие објавување се планира за октомври, покрива цели 9000 години историја на пијалокот на којшто се насладуваме додека ги пишуваме овие редови (добро де, радлерче).
Андреас Елпидору е професор по филозофија на Универзитетот Лусвил во Кентаки. Неговата книга која ќе излезе во 2016 се вика „Физикализмот и магијата на свеста", а во неа, меѓу другото, тој се занимава со споредбата на здодевноста и болката. Обете, вели тој, еволутивно ни овозможуваат не само да опстанеме, туку и подобро да живееме.
Грижењето, или по нашки секирањето, е необична активност за „жанровско" одредување. За оние кои често го прават тоа, работата е сериозна. Но ниту еден психијатар нема да ви каже дека сте патолошки случај само затоа што се грижите, освен ако тоа не преминува во параноја.
Teкстов повеќе звучи како нешто што би било соодветно да се објави на „денот на заљубените". Ама за бакнување не ви треба посебен повод, само субјект со кого би си ги допирале усните или триеле носевите, што можеби не е баш бакнеж, но според антрополозите е подеднакво важно „бакнувачко однесување".
Тоа е оној момент кога нешто ќе ви „светне“, а кој велат дека е резултат на инстинкт, интуиција, на повеќегодишно искуство, или едноставно на среќа. Ефектот на „еурека“ е дел од легендите за големите научни откритија, но и од секојдневната работа во повеќе професии, каде помага за решавање на големи проблеми, па и за спасување животи.
Пред повеќе од еден век, експертите сметале дека Американците премногу работат, што претставувало закана не само по нивното лично здравје, туку и по она колективното. Оваа појава била опишана со еден денес подзаборавен израз.
Потрагата по „најдобриот од сите можни светови" е сигурен начин како да се откажеш и од она малку животна среќа којашто ти следува. Многу подобро поминуваат оние коишто наместо многу да бираат, уживаат во она што е „сосема ок", исто како тоа да е совршено.
Нова книга под наслов „Искубано: историјата на отстранување влакна" од Ребека Херциг испитува еден необичен феномен - и покрај тоа што повеќето од цицачите на планетата поседуваат обилно крзно, само човекот минува низ триста маки за да го отстрани. Зошто?
Колку пати сте слушнале дека некој „сака да чита", или сте изјавиле дека сте „љубител на добрата книга"? Нашата врска со книгите често личи на љубовна приказна, која вклучува занесеност, интимност, опсесивност. Но односот кон книгите и читањето не бил отсекогаш таков.
Во 1961, професорот по психологија на Универзитетот Јеил, Стенли Милграм, објавил оглас во весник: „Плаќаме 4 долари по час. Бараме 500 луѓе кои ќе ни помогнат да спроведеме научно истражување за меморијата и учењето". Повеќе од 50 години по неговиот озлогласен експеримент, научниците сè уште се фасцинирани од резултатите, иако немаат баш добро објаснување за нив.