Пред да им се вратите на степерите

Таткото на фитнес справите од 19 век (со кои денес тешко би се справиле)

Иако на прв поглед изгледаат како да се за мачење, овие машини биле врв на „механотерапијата", метод на одржување на здравјето промовиран во време кога докторите за оваа цел главно советувале „пуштање крв".

Еден од пионерите на механотерапијата бил шведскиот ортопед д-р Густав Знадер, кој ја започнал својата работа во 1860-тите, за подоцна да го формира сопствениот Терапевтски институт во Стокхолм и да стане член на Кралската шведска академија на науки. 

Институтот бил поддржан од државата, и наменет главно за терапија на работници кои доживеале некоја професионална повреда. Во 1876 на големата светска изложба неговите фитнес машини добиле златен медал, а до 1906 се отвориле експозитури на неговиот институт во 146 земји. И покрај тоа што биле многу скапи, вакви машини почнале да се набавуваат и за приватна употреба, особено во САД.

Како некој вид упатство за користење на машините, но и како генерално објаснување на неговиот метод, во 1892 тој ја објавува книгата „Медицинско-механичка гимнастика на др. Зандер" ( Dr. G. Zander's medico-mechanische Gymnastik). Таа станала бестселер меѓу другото и затоа што се вклопила во трендот за индустријализација, кога голем дел од општеството почнало да работи по канцеларии без физички напор, што парадоксално почнало да доведува проблеми со здравјето. Истовремено, неговите машини биле статусен симбол на класа која е изземена од физички труд, но си вежба онака, од ќеиф.

Следниот пат кога ќе се потите на некој степер, помислите на Зандер, човекот заради кого наместо да шетате низ некоја шума одите во место со слушалки на уши, гледајќи во екран на којшто се менуваат планински пејсажи.

 

Поврзано: Потеклото на траката за трчање (како средство за мачење затвореници)

9 јануари 2016 - 11:24