Даглас Хофштатер, когнитивен научник и физичар, најпознат по книгата од 1979, „Гедел, Ешер и Бах“ за која доби Пулицерова награда, има една друго, помалку познато дело. Во него, на 832 страници, се обидува да преведе (или да обезбеди превод) на една единствена кратка француска песна од 16 век.
На почетокот на 1870-тите, успехот на Толстој после објавувањето на „Војна и мир“ бил уште свеж. Тој бил свесен за високите очекувања од неговото следно дело. На него ќе потроши цели четири години, во тек на прилично турбулентен период од приватниот живот.
На кафе можеш да седнеш со кого и да е. Но не е сеедно со кого си на софра на жестока пијанка. Второто може да биде и некој вид тест - во кој правец ќе тргне работата ако сите го спуштиме оружјето на когнитивната контрола?
Во 2010, Такеши Кувабара бил осуден за убиство на својата љубовница. Но она што овој случај го откри не е само уште едно убиство од страст, туку еден необичен факт - дека Кувабара по професија бил „вакаресасеја“ - човек кој бил најмен од мажот на љубовницата за да го прекине нивниот брак.
„Земја“ можеби и не е најточната одредница. Станува збор за нешто што на американскиот југ го нарекуваат „бела прашина“ - мека глина (каолин) која е примарно наменета за правење порцелан, хартија и боја. Ама ете, можело и се јаде.
Поради пандемијата, опседнатоста со миењето раце и зголемената хигиена е нагласена. Но и без тоа, дел сме од „дезодорирана“ епоха, во која стереотипно сметаме дека нечистотијата и опојниот мирис на немиени мишки не им пречеле на нашите предци. Што и не е баш така.
Срамот е емоција која стои во темелите на човечкиот поредок. На почетокот, Адам и Ева не се срамеле. Потоа каснале од дрвото на знаењето, очите им се отвориле, сфатиле дека се голи и се покриле со смоквини лисја. Токму нивниот срам е она што ги направило луѓе. И обратно, отсуството на срам се толкува како знак на нечовечност.
Неговото име потекнува од стар шведски збор кое значи „штици кои се користат за заштита на бродски товар“. Ако го толкуваме како обезбедена архитектонска структура, често под земја, чија намена е заштита на луѓето или на скапоцени предмети во тек на криза, тогаш бункерот е најстариот тип објект направен од луѓе.
Земаме воздух 25.000 пати дневно, без да мислиме на тоа. Но пандемијата фрла нова светлина на респираторните болести и здивовите кои ги сфаќаме здраво за готово.
Во својата книга „Како ја изгубив Нобеловата награда: приказна за космологија, амбиција и опасностите на највисокото научно признание“, физичарот Брајан Китинг раскажува приказна која вклучува голем ентузијазам, разочарување и научени лекции од целиот потфат.
Пандемијата го киднапираше јавниот дискурс, и истурка други значајни теми на маргините. Една од нив е како да се преживее, и физички но и ментално, во град под опсада. Не од вирус, туку од војна. И не со трупање тоалет хартија, туку со спасување книги.
Нова книга се обидува да објасни што е причината за нашите солзи и притоа комбинира биологија, поезија и историја. Сте чуле ли, на пример, за молец што пие птичји солзи?
Пред 25 години излезе албумот Jagged Little Pill на Аланис Морисет, на кој се најде песна која и до денес е нејзин најголем хит. „Ајроник“ наводно зборуваше за иронични ситуации. Ама, иронично, можеби и не.
Секој оној кој нестрпливо очекувал да излезе некоја книга (колкумина има такви?) знае дека барем што се однесува до странските изданија прво излегува верзија во тврда корица (хардкaвер) а потоа во мека (пејпрбек). И дека ако сака да помине поевтино ќе мора да се стрпи, понекогаш цела година. Зошто е тоа така?
Нова книга од областа на психологијата тврди дека посветуваме повеќе внимание на тоа што јадеме, или дали вежбаме, отколку на тоа дали сме се виделе со блиските пријатели. А всушност би требало да е обратно. За наше добро.
„Езерото е најубавата и најекспресивната црта на пејзажот“, вели мотото на нова книга на Капка Касабова, „Кон езерото: балканско патување на војната и мирот“.
Една вечер во ноември 1958, историчар по име Хју Тревор-Ропер добил чудно писмо. Тоа било повик за помош, напишано од студент на колеџот Магдален, со тврдење дека е прогонуван од бискупот на Оксфорд. Тревор-Ропер, љубопитен за случајот, се согласил на средба. Така се запознал со Роберт Паркинг Питерс: плагијатор, бигамист, лажен свештеник и изнудувач.
Не станува збор за политичка коректност. Ни за проста форма, церемонијалност и манири зад кои се кријат други намери. Пристојноста е, и треба да биде, нешто повеќе од потиснување на поинаквите (непристојните?) мислења и начини на однесување, вели нова книга.
Некои ги прескокнуваат, други сметаат дека се корисни како воведи, без оглед дали се напишани од самите автори или од некој познавач на нивото дело. Има и такви предговори кои можат да функционираат како засебни есеи. Во нова книга, сите тие се реални, ама се напишани за книги кои (сè уште) не постојат.
Веројатно највлијателниот жив научно-фантастичен автор има нова книга. Се вика „Агенција“, а во неа се замислува свет во кој во 2016 победила Хилари. И, да нема дилеми, не дека тој е нешто подобар од овој нашиов.
Знаеме денешни ВЦ-иња во кои има цели библиотеки полни списанија, па и со по некоја книга. Ама дизајнерите од 18 век или имале уште поголема почит кон пишаниот збор, или обратно, многу добра смисла за критика.
Нова книга од Џонатан Кеј и Џоан Моријарити ја опишува историјата на друштвените игри како древни уметнички форми, кои на почетокот на дигиталната ера изгледаше дека ќе загубат на значење. Но наспроти ова, тие денес како да ја доживуваат својата нова златна ера.