Книгата „Подвижен предговор: вистински воведи во тотално измислени книги“ која излезе во април 2019, претставува збир предговори за замислени книги, напишани од вистински славни личности, комичари, музичари и писатели. Меѓу нив се Ширли Менсон, пејачката на „Гарбиџ“; Џонатан Најт од „Њу кидс он д блок“; водителот Џери Спрингер; Моби и други.
„Предговори минус досадната вистинска книга“ е мотото на ова дело, кое третира теми од типот како да се забавуваш на погреби, до сексуалните моќи на Чубака како љубовник.
Иако е пред сè хумористична, оваа книга е всушност ода на добрите предговори, кои се повеќе од само неколку страници самодоволно дрдорење кое претходи на која и да е книга. Квалитетниот предговор ја подгрева атмосферата и ја поставува сцената за исто така квалитетната книга која следи. А понекогаш дури е и подобар од самата книга.
Тука извадок од книгата, предговор на измислената „За птиците и пчелите: кога шармантниот принц го открил клиторисот на Пепелашка, а не нејзината чевличка“ од музичарката Инара Џорџ.