Стереотипно, се смета дека женските политики се секогаш понежни и помалку расистични од машките. Историски податоци за жени на раководни позиции на американскиот ККК кој заговара(л) супериорност на белата раса, антисемитизам, хомофобија и антикомунизам, прикажува една поинаква слика.
На 7 септември ќе излезе нова, до сега најдетална биографија на Дејвид Боуви. На повеќе од 500 страници, таа содржи 180 интервјуа со негови пријатели, конкуренти, љубовници и соработници, од кои повеќето никогаш порано не зборувале јавно за нивната врска со Боуви.
Во последниве две години е забележан тренд на објавување книги на тема која кажува нешто за „цајтгајстот“ кој го живееме. Време во кое многу интересно не е (веќе) интересно.
Веројатно има социјални, логистички и културолошки разлики помеѓу напади кои би можеле да се случат на улица поради кражба, сексуално малтретирање или киднапирање во различни земји. Но според нова книга на оваа тема помеѓу нив има и нешто универзално - оние кои напаѓаат одлучуваат дали сте податна жртва за само неколку секунди.
Од искуства на пријатели знаеме како е да бидеш гонет од обожаватели, да те начекуваат на улица, да ги наоѓаш по дома влезени низ балконската врата, а полицијата да ти вика самиот да се справиш со проблемот. И ова не е ништо ново - на времето домашен сталкер си имала и британската кралица.
Додека кај нас етнологијата главно асоцира на истражување народни носии, правење муабет со селски старци и запишување фолклорни мудрости, етнолозите од други краишта на светот во меѓувреме на научиле како (скапо) да им се продадат на современите корпорации.
Нова книга ја става под знак прашање нашата фиксација со коефициентот на интелигенција, и вели дека возрасните можат (ако сакаат и ако знаат) да му помогнат на речиси секое дете да стане „надарено“.
Во нова книга под наслов „С-точка: феминистичката потрага по среќа“ (во оригинал The H-Spot: The Feminist Pursuit of Happiness) авторката Џил Филиповиќ, адвокатка и активистка, оди чекор понатаму во дискусијата за тоа дека жените законски и општествено треба да се еднакви со мажите, и поставува едно посуштинско прашање: што ако целта е жените да бидат едноставно посреќни?
„Умерена реакција“, „умерен политички потег“...Во време на радикални и екстремни однесувања, на умереноста сепак не се гледа како на нешто што треба да се поттикнува и цени, туку како на неодлучност, слабост и опортунизам.
Дали жената може и треба да биде задоволна во брачниот кревет, а сепак да остане доследна на верските поуки? Прв ваков водич напишан од муслиманка се обидува да одговори на ова прашање.
Не ги пуштаме децата да играат во кал, ги давиме во антибактериски препарати, ги чуваме под стаклено ѕвоно. Тие пак развиваат алергии, астма и егземи. Аман, оставете ги раат нека се валкаат, повикува нова книга на темата.
Сите оние кои се ставиле на некоја од диетите кои се во моментов „ин“ - хроно, протекали, прашоци од сурутки - го знаат она чувство на поетски копнеж во првите денови кога се „симнуваш“ од шеќер. Ама долгорочно изгледа борбата со самиот себе се исплати.
Последниве неколку години терминот „усна историја“ се прелеа од сферите на етнологијата, антропологијата и историјата во популарната култура. Па има усна историја на Саут парк, на Терминатор, на порното, и што уште не. Нова книга со овој термин во насловот се однесува на ликот и делото на Боб Марли.
За сите оние кои се обиделе целосно да го исклучат месото од исхраната, и не успеале, сега има нов, попрагматичен пристап. Како и за секој нов тренд, и за овој има книга.
Од сите работи кои можат да се украдат, криумчарат, продадат, книгите некако не се првите на кои човек би помислил. А сепак вакви случаи не само што имало туку има и денес, а во игра најчесто се и големи пари, и интерес за она што се води како „исчезнато“ од страна на академските кругови.
Бритни Спирс мрази ролат од мелено месо и секаква „набабрена“ храна. Артуро Тосканини мразел риба. Ен Рајнд се грозела од салати. Оваа книга е истражување на светот на храната, но од страната на аверзиите кон неа.
Во вторник 30.5 со почеток во 17 часот во Менада ќе се оддржи промоција на македонскиот превод на романот на Миљенко Јерговиќ, „Рута Таненбаум“. Иако не се работи за биографија, книгата е инспирирана од приказната за девојче кое го нарекувале „чудо од дете“, а чиј живот завршил трагично на само 16 години. Која била Леа Дајч?
Од скромно сточарско потекло до кулинарска ѕвезда - вака би можела да гласи една богата историја на путерот. Токму тoa e и насловот на книгата за вистинскиот „шеф“ во кујните на познатите шефови.
Стрип-албум за стриперската професија, направен врз основа на изјави на 300 соговорнички од бизнисот, а издадена со пари собрани преку кампања на Кикстартер.
Една хуманитарна организација во Британија ги замоли луѓето да престанат да ја донираат „Кодот на да Винчи“ затоа што имале премногу примероци од неа. Такви книги, кои речиси преку ноќ стануваат од најбарани до најраздавани, има многу.
Не дека и претходно немаше романи кои од далеку најавуваа можност некој како актуелниот 45-ти претседател на САД да го преземе кормилото на земјата. Но новата книга на Хауард Џејкобсон е опишана како „брутална сатира која ги повикува сите писатели на активен отпор“ кон човекот кој сега има име, презиме и еден фин епитет, кој е просто греота да се троши за опис на ликови како него.