Тешко е да се замисли како му било на Аристотел во негово време, кога не бил „древен“. Бил интердисциплинарен пред воопшто да постојат различни дисциплини, пишувајќи за филозофија, политика, психологија, етика, музикологија. Но како што се обидува да покаже Едит Хол, тој денес би можел да биде и „лајф-стајл коуч“, не за древни, туку за многу актуелни проблеми.
На литературен македонски би требало да е „лелекање“. А ако нема некој посоодветен збор тогаш тој треба да се измисли, за оној вид лигавење кое стереотипно им се припишува на разгалени деца, недоволно мажествени мажи и на мелодраматични жени.
Насловите на поглавјата во книга која излезе на почетокот на оваа година - „Смрт од жештина“, „Океани што умираат“, „Воздух што не може да се дише“, „Чума на загревањето“ - сами по себе можат да предизвикаат паничен напад. Но работата станува уште полоша кога човек ќе се зачита.
Австралиски автор и директор на неколку училишта тврди дека е сè потешко да се раководи со ваква институција. Не поради децата, туку поради нивните родители.
Ова што следи е извадок од нова книга на една за многумина мрачна тема - ракување со остатоците од телата на блиски, по нивната смрт. Доколку сте со осетливи нерви и стомак, имаме само еден спојлер за вас, после кој може да одлучите дали да продолжите со читање: кожојадни бубачки.
По „Што ако?“ од 2014, која се занимаваше со „сложени прашања кои допираат до с’ржта на човечкото постоење“, нашиот омилен стрип цртач денес (3.9) издаде нова книга. Насловот е некако логично продолжение на претходната.
Јоко Огава има долга кариера и е авторка на повеќе од 40 романи. Во Јапонија е славна, но во англиското говорно подрачје нејзиното име допрва се очекува да стане познато, по преводот на нејзината најнова книга, „Мемориска полиција“.
На англиски се викаат „писма на совест“ (conscience letters) и во случајов претставуваат придружни белешки кон вратени фосилни парчиња дрва и карпи, некогаш украдени од национален парк во Аризона.
Нова книга под наслов „Комарец: човечка историја на нашиот најсмртоносен предатор“ од Тимоти Вајнгард, тврди дека ова мало и (од човечки аспект) злобно инсектче до сега има убиено повеќе луѓе од сите војни во историјата заедно.
Ова го тврди Нил Бартон, психијатар и филозоф, чија најнова книга носи наслов „Хиперсвесност: мислење кое го надминува мислењето“. A зошто некој хиперсвесен би се криел? Па затоа што е...свесен!
Имала 42 години, била трудна со четвртото дете од љубовник-поет, а за свое животно дело го прогласила преводот од латински на „Принципите“ на Њутн. Толку напорно работела, што не дочекала да го види објавено.
Била издадена во 1938 и содржела 60 цртежи на деца кои минувале низ Граѓанската војна во Шпанија, за светот да ја сфати нивната траума и да помогне во воспоставувањето мир. Хаксли ја поддржал иницијативата со тоа што напишал воведен текст.
Нова книга го истражува феноменот на масовно одземање на сопствениот живот, кој ја зафатил Германија тогаш кога станало јасно дека таа ќе ја загуби Втората светска војна.
Во англискиот има разлика помеѓу vent и complain. Првото означува да си олесниш на душата со тоа што некому ќе му се пожалиш (читај: ќе му кукаш), а второто има конкретна цел - нешто или некого да поправи.
Следењето на најголемиот светски собир на креативците од маркетингот, кој оваа година се одржа од 17-21 јуни, дава одличен увид во начинот на кој не само што се продава одреден продукт, туку и се моделира јавното мислење по однос на голем број актуелни прашања.
Дали риба во конзерва е вредна затворска валута? Дали ако имаш неконтролирано мокрење ти следи самостојна ќелија? Книгата на Карл Катермон го издигна на ниво на херој помеѓу неговите колеги-затвореници, а до сега кружеше како фотокопија. Утре, 20.06, го издава престижниот Пингуин.
Што ќе се случело доколку Фројд ја прифател понудата за азил на Лазаро Карденас? Ќе се запознаел со Фрида Кало, со Троцки, и кој знае како сето ова би влијаело на историјата на психоанализата.
Мини серијата на ХБО во пет продолженија, од која до сега се прикажани четири, ја актуелизира подзаборавената тема за советскиот нуклеарен реактор и за тој мај 1986 кога веста за неговата експлозија до нас стигна во форма на забрана за јадење марули и играње на дожд. Но последиците за огромен број луѓе, и по сè што некогаш било живо во непосредна близина на несреќата, се чувствуваат и денес.
За некој што не гледа ГоТ, интензитетот на чувствата поврзани со постирање спојлери за нови епизоди од серијата е феномен. Со клетви, со закани, со исклучување од Твитер, со сè. Но сериозноста на реакциите не се однесувала само на серии и филмови, туку и на книги.
Модерните општества повеќе личат на заедници на мравки отколку на нашите најблиски роднини, на пример на шимпанзите. Ниту еден мајмун не гради патишта, нема сообраќајни правила, не развива инфраструктура, не учествува во сложена тимска работа и не врши ефикасна поделба на трудот. А мравките го прават сето ова, и повеќе.
Умрел во 1865, а на неговиот надгробен камен пишува „Доктор Џејмс Бери“. Бил еден од најпознатите хирурзи на викторијанска Англија. Но уште поинтересно е што Џејмс всушност бил - жена.
Има луѓе кои кога ќе тргнеш да им раскажуваш сон почнуваат да превртуваат со очи и ја прават онаа „поштеди ме“ фаца. Она што тие не го разбираат е дека со тоа што ја намалуваат вредноста на овие нарации и самите се лишуваат од одлична можност.
Наскоро во кино салите низ светот ќе се случи премиерата на нов филм за ушлестиот Дамбо, во режија на Тим Бартон. Претходниот, анимиран, беше од 1941. Но пред него Дамбо требала да биде објавена во необичен формат, чија современа асоцијација би била „со скролање“.