Возбудлива историска драма/авантура направена според вистинската приказна за сплавот и екипажот кој во 1947, предводен од етнолог кој не знаел да плива, поминал 8,000 километри по Пацификот, само за да докаже една алтернативна научна теорија.
Дилемата да се имаат деца или не кај обичниот човек варира меѓу решенијата а) да и б) не. Сè додека во муабетот не упадне филозоф (и тоа жена), кој ќе ти објасни дека се работи за епистемолошко-трансформативно искуство.
Пред неколку дена слушнавме дека Спилберг ќе продолжи онаму каде што застанал неговиот славен колега, и ќе продуцира мини-серија врз основа на сценарио за животот на Наполеон, кое Кјубрик го напишал во 1969. Еве неколку интересни детали за најславниот филм кој никогаш не бил снимен.
Пред неколку дена во Загреб познатиот словенечки кантавтор и фронтмен на „Лачни Франц" го претстави неговиот книжевен првенец со крајно неочекуван наслов - „Втората жена во харемот".
L'Envie (Желба) е ироничен наслов на француски бестеселер кој, наспроти очекувањата, не зборува за сексуалните желби и нивните остварувања, туку напротив - за нивниот недостаток!
Филмов може или да ве скрши на парчиња и да не можете со денови да си дојдете на себе, или да ви биде досаден и непотребно долг. Оние кои сигурно треба да го гледаат филмот се парови во долги врски, кои некаде по пат заборавиле дека до нив дише друго човечко суштество.
Да си потомок на познат автор и да го носиш неговото презиме сигурно некогаш во животот се исплати. Но генетското наследство понекогаш знае да биде и товар. Мериел Хемингвеј, внуката на Ернест, раскажува за ова во документарец кој е дел од овогодинешната програма на Санденс.
Дејвид Брн си го сакаме заради музиката и точаците, но човекот е талентиран за повеќе работи. На пример за цртање со молив, и за дијаграмско, едноставно претставување на сложени концепти.
Една наша соработничка замери дека на сајтов нема доволно женски теми и ист таков сензибилитет. За да ја исправиме работата, Букбокс отвара посебна рубрика - женско ќоше - со такви типични, нежни, домаќински и женски теми. Првата: снагаторство.
Снимен во 1984., Various Positions беше единствен албум на Коен одбиен од неговата дискографска куќа. Речиси никој не забележал кога песната сепак излегла, под независна етикета. Оттогаш, преку десетици кавери и како дел од филмска или телевизиска музика, „Алелуја" стана антологиска.
Немате време за долги историски лекции и детали од биографиите на славните личности? Сакате сè да ви се објасни во два збора, или уште подобро, да ви се „нацрта“? Ова е книгата за вас. Ако таа ви е долга и сложена, има и видеа.
Неодамна беше објавена за фановите долго очекуваната збирка преписки на Курт Вонегат, со неговите пријатели, колеги и читатели. Зборуваме за време кога луѓето навистина пишувале писма, во кои навистина нешто кажувале. А Вонегат има што да каже, дури и кога зборува за сосема обични работи.
Додека трае „филмскиот бутик" во Менада - проекции на филмови кои или биле инспирирани од модата, или самите покренале некаква модна промена - еве го нашиот прилог: колекција која ја одбележува премиерата на новата филмска верзија на „Ана Каренина".
Изгледа петте минути, кои се протегнаа на пет часа, на 50 нијанси сиво, изминуваат. Еротскиот роман на јапонско-американската авторка Силвија Деј за само шест дена се продаде во 80,000 примероци.
Кој знае колку бил ифрит, или хумористично настроен продавачот во местово, кое додуша повеќе личи на некоја продавница од втора рака отколку на книжарница, па јасно и со дебел фломастер му го плеснал на Ленс на корица.
Се сеќавате на оној цртаниот со Густав, кога тој се обидува на раат да си го прочита весникот а целиот свет кова завера против неговата намера? На крај наоѓа пуст остров, ама и таму паѓа бомба. Епа овој Француз решил радикално да го решава проблемот.
Не ни е јасно зошто научната јавност во Македонија сè уште не излегува со експертско мислење за чудото во св. Димитрија. Објаснувањето е едноставно: фотоните се квантно поле кое во интерференција со електромагнетните бранови произведени од локалната радио-дифузија при силен импулс може да ги направи сликите (а и звуците) појасни отколку што тие вообичаено се.
Што да ви кажеме за книгава? Дали е уметност, научна фантастика, мистерија, некаква чудна енциклопедија или само најголемата зафрканција во издаваштвото? Што и да е, изгледа прекрасно.
Не ни е баш јасно како се брои, но ако е точно дека Фелпс во неговата кариера срушил 39 светски рекорди, а Џони Вајсмилер 67, тогаш можеби треба да се преиспита кој е најуспешниот пливач на сите времиња. Она што е сигурно јасно, е кој е најславниот актер помеѓу пливачите.
Приходот кој ќе остварува Андриќград, кој е замислен како туристичка атракција, ќе се вложува во афирмација на културата. На пример преку доделување престижна награда која ќе го носи името на Нобеловецот, кој е единствен во светот кој има свој град.
Џеф Рагсдејл, стенд-ап комичар од Њујорк, по раскинувањето со девојката западнал во тешка депресија. По едно време се прибрал, и напишал оглас со следнава содржина: