Од оглас до книга

Осамениот Џеф

Џеф Рагсдејл, стенд-ап комичар од Њујорк, по раскинувањето со девојката западнал во тешка депресија. По едно време се прибрал, и напишал оглас со следнава содржина:

„Ако некој сака да разговара со мене, за што и да е, нека ми се јави на (347) 469-3173. Џеф, еден осамен тип". Потоа отпечатил стотина пораки и ги залепил низ Мехетен.

Отпрвин мислел дека или никој нема да му се јави, или дека ќе почнат да го манијачат фрикови, но на негово изненадување веќе првиот ден со утешни зборови му се јавиле 100 души. За една недела бројката се качила на неверојатни - 70,000.

„Луѓето ми се јавуваа од Виетнам, Англија, Саудиска Арабија и Јапонија. Уште редовно контактирам со дваесетина од нив, а се јавуваат и нови. Некои ми се јавија за да ми порачаат дека не сум сам, други ми нудеа совети, ме тешеа со нивните приказни. Беше неверојатно", изјавил Џеф.

Своите доживувања решил да ги забележи во книга, под наслов „Џеф, еден осамен тип". Таа ги содржи разговорите, преписките и гласовните пораки кои му биле оставани на Џеф. Меѓу нив има и комични, и мрачни, но важно е едно - сите ја забележале пораката, и му се јавиле.

26 јули 2012 - 15:27