Освен паричниот износ, наградата ќе вклучува и плакета и биста на Андриќ. Планот е со неа да се започне во 2013., но ако организациски тоа не успее, тогаш првиот лауреат ќе бидe избран во 2014., кога и се очекува и официјалното отварање на Андриќград во Вишеград. Подетални критериуми околу тоа кој може да учествува, со какви дела и на кој јазик, сè уште не се дефинирани, па кој знае, можеби и ние ќе добиеме шанса, ако наградата биде регионална.
Во Андриќград во моментов е во тек мал детски фестивал, со настапи на бендови и претстави со кловнови, а според Кустурица секој ден по 500 посетители влегуваат во градот посветен на писателот за да се фотографираат крај неговиот споменик.