Уметникот Абрахам Поаншевал, кој веројатно дома има сопруга-мрчатор, неколку дробни деца, гладно куче и лоша тешта, го нашол својот мир под земја. Опремен само со лампа на главата, вода, конзервирана храна, камера и неколку книги, си направил дупка широка 62 и длабока 170 сантиметри, влегол во неа и почнал - да чита!
Неговиот перформанс насловен „604,800 секунди" го означува времето кој тој го поминал стоејќи во дупката покриена со камен - една недела. Сето ова се случувало под книжарницата и галерија „Histoire d'un Jour" во Марсеј. Престојот на Поаншевал во дупката бил проектиран на ѕидовите на галеријата за посетителите да можат да видат што се случува доле, а и да може да се реагира за не-дај-боже.
„Кога се крена каменот и повторно ме заплисна надворешноста беше магично", изјавил тој по излегувањето од книжевното подземје, потенцирајќи дека прочитал сè што понел . Нам ни е искрено страв да го пробаме ова, не за друго, да не ни се уарни..