Книга-филм-мода

Банана Каренина

Додека трае „филмскиот бутик" во Менада - проекции на филмови кои или биле инспирирани од модата, или самите покренале некаква модна промена - еве го нашиот прилог: колекција која ја одбележува премиерата на новата филмска верзија на „Ана Каренина".

Banana Republic и нејзиниот креативен директор и дизајнер Сајмон Нин (Simon Kneen) ја лансираа нивната колекција „Ана Каренина", која го следи костимографскиот стил на новиот филм, правен според класикот на Толстој. Познатите актери - Кира Најтли, Џуд Ло, Емили Вотсон - а и фината облека ветуваат гледан филм.

Познавачите велат дека стилот е всушност оној од 1950-тите, само преселен во руската 1870. Цената на облеката е од 59-500 долари, а чевлите и додатоците од 29-225 долари (на ова место Букбокс дефинитивно зазвучува ко Marie Claire).

Интересно е што името на колекцијата, Banana Karenina, се поклопува со твитер прекарот @BananaKarenina на Елиф Батуман - позната професорка и теоретичар на литературата.

 

 

 

 

 

3 ноември 2012 - 10:31