“Run Forrest, run!“ е најпознатата реплика од култниот филм Форест Гамп која ја повтори Роб Поп кој го срушил светскиот рекорд од Гинисовата книга откако истрчал цели 24.140 километри.
Се навршуваат 34 години од епското финале на Купот на европски шампиони Рома - Ливерпул во Рим кога будалестиот голман на Англичаните Брус Гробелар им се плезел на домашните играчи пред да шутираат. Рим уште не може да го заборави тој пораз.
Тивко пристигна од Бразил во Европа, ја чекаше својата шанса и ја дочека. Во моментов Алисон Бекер е еден од најдобрите голмани на светот по многу параметри.
Името Дино Фава Пасаро веројатно не ви значи ништо. Тој знае како е да се совлада Милан со Малдини на Сан Сиро, а исто така умее да усреќи петтолигаш заедно со навивачите кои ќе го носат цел живот во срце. Има 41 година и кога е со топка се чувствува како дете.
Спремен како војник да оди во најтешките ровови за својот тим и репрезентација. Ни самиот веќе не знае колку пати е шиен и на кои места. Главата ја раскрвавувал многу пати а соиграчите викаат дека бегаат од него.
Кога во февруари 2013-та година Френк Лампард објавил дека ќе стане писател, малкумина му поверувале и мислеле дека се шегува. Брзо покажал каков талент поседува.
Сања Таневска е дипломиран професор по македонски и шпански јазик, професија која што ја доведе да седне на маса и да му предава на професорот по ракомет, „Ел Команданте“ Раул Гонзалес. Ни раскажа каков е тој одблизу.
Дебатата во Италија за тоа за кого навивал Бенито Мусолини е децениска. Освен неколку фотографии на стадионите, Бенито не бил некој голем вљубеник во фудбалот така што неговата евентуална врска со Лацио не е онаква каква што светот ја замислува.
Невозможно е да се поверува но Волкот има 28 години. Како вчера да беше кога англиските топ-клубови се бореа за него додека беше средношколец, додека Nikе работеше со него на 14 години а на 17 заигра на Светско во Германија.
Седум години траеше сагата и потрагата за убиецот на познатиот кошаркар Лоренцен Рајт кој играше во Мемфис, Сакраменто, Клиперс и други клубови. Сценарио какво не би можеле да предвидат ниту најлудите режисери.
Не знае кладилница, не знае да предвидува резултати, не знае што ќе биде со Каталонија... Ама затоа има една карактеристика која овде е дефицитарна: многу добро да го знае она што му е работа. А дома има проблеми како ќе се оди од Македонија.
На крајот од октомври излезе книгата на најпознатиот светски спортски новинар Гилјем Балаге со наслов „Brave New World: Inside Pochettino's Spurs"- поточно, дневник на Маурисио Почетино во сезоната 2016/2017.
На 10 години малиот Тим не можел да се контролира. Опсесивно трепкал, постојано го чистел грлото со кашлање, нервозно ги спуштал рамениците, ги превртувал очите. Наставниците мислеле дека е невоспитан и некултурен, а тој заврши во Јунајтед.
Во НБА лигата играле многу необични ликови, но од самото основање до денес поголеми психопати од Денис Родман и Рон Артест паркетите во најдобрата лига на светот не виделе. А богами и надвор од нив.
Ако некој најдобро може да ги опише првите мигови на Меси во Барселона, тоа се неговите тогашни соиграчи кои признаваат дека бегале од него кога требало да се игра еден на еден. Еднаш се договориле да го клоцаат сред игра, ама не успеале да го стигнат.
9 ноември е Светски ден на Гинисовите рекорди а во светот на фудбалот има необични достигнувања: од најплатен до најмалку платен играч, од највисок до најнизок од најбрз до најбавен...
Насловните страни на голем дел од светските спортски медиуми деновиве се занимаваат со ликот и делото на Андреа Пирло кој пред неколку дена и официјално ја заврши фудбалската кариера.
Бразилскиот клуб Ибис живее во паралелен универзум. На крајот од септември неочекуваната победничка серија ги фрлила навивачите на овој тим во депресија и тие со носталгија се сеќавале како екипата еднаш не можела да победи цели 4 години!
Денес полни 15 години најсмешниот меч во историјата на Мадагаскар каде една од екипите не и дала на другата да пипне топка ама на крај изгубила 149-0. Овој меч и официјално е влезен во Гинисовата книга на рекорди.
Стотици фудбалери и тренери минале низ англиската фудбалска лига, но ретко кој оставил впечаток кај навивачите како легендарниот чешки голман Павел Срничек. Ден денес по стадионите се скандира неговото име, затоа што беше симбол за непокор.
Меѓу саемот во Франкфурт и оној во Белград, Јана и нејзиниот издавач го вметнаа Скопје, за уште едно запознавање со нејзиниот шармантен и свеж ракопис. Како која Јана? Наша Јана.