Пред една недела 38 години наполни поранешниот НБА играч Мета Ворлд Пис кој порано се викаше Рон Артест па го смени името. Рон Артест или Мета Ворлд Пис сега е одговорен за развој на играчите во филијалата на Лејкерс во G League (која претходно беше позната како D league или развојна лига).
Рон на почеток стигнал до позицијата помошник на главниот тренер но подоцна решил да се проба во самата Асоцијација. Артест или Мета Ворлд Пис секогаш асоцираше на ексцентричен играч од кој не знаеш што можеш да очекуваш. Привлекуваше внимание како учесник во најголемите тепачки во историјата на НБА.
По количество на скандали и екцески Мета Ворлд Пис може да се рамни со Денис Родман. По тој повод ископавме 15 најчудни моменти на секој од овие двајца „лудаци“.
РОН АРТЕСТ/ВОРЛД МЕТА ПИРС
1. Уште во младоста играл на улични игралишта на кои еднаш видел како убиле човек со нога од столица.
2. Додека настапуваше за Чикаго Булс пробал да најде работа во компанија за продажба на електронски апарати за да може да ги користи попустите на производите.
3. Еднаш дошол на тренинг во Индијана Пејсерс со бањарка, а во 2010 година се појавил во шоуто на Џими Кимел по шорцеви.
4. Се пробал и како рапер и снимил албум со нслов „My world“.
5. Ја избричил главата со името на својот музички бенд Tru Warier.
6. Пред почетокот на сезоната 2004/2005 изјавил дека сака да поработи на својот рап албум и побарал еден месец слободен. Добил суспензија на два меча од тогашниот тренер на Пејсерс Рик Карлајл.
7. По крајот на финалната серија во 2008 година меѓу Селтик и Лејкерс отишол во соблекувалната на тимот од Лос Анџелес, го побарал Коби кај тушевите и му кажал дека може да му помогне да ја освои титулата (и му помогна две години подоцна).
8. Признал дека пиел Хенеси на првиот меч за Чикаго Булс.
9. Му се заблагодарил на својот психијатар во едно интервју после освојувањето на титулата.
10. Играше во првенството на Кина каде еднаш се облече како маскота панда и ветил дека ќе го смени името во „Другар панда“.
Coach Metta .. I celebrated my fiancé’s birthday for three days in Vegas with a panda head. Then got word I’m with South Bay. #Grateful pic.twitter.com/nCzz0nYUuu
— Metta World Peace (@MettaWorldPeace) October 24, 2017
11. Му скршил ребро на Џордан:
Во 2001 година Рон Артес играше за Чикаго а Џордан беше спреман за враќање на кошарката во Вашингтон.
„Во летото 2001 година, настанот се случи во Чикаго. Раперот Ар Кели таму обично доаѓаше на баскет во салата, Џордан и Баркли исто пар пати беа таму, а доаѓаа и други НБА играчи. Се играше појак баскет од НБА. Џордан се обиде во еден момент да ме дрибла со топка, а јас пробав да го одбијам. Кога Џордан има топка нема што да правите друго, ви дава кош. Па се обидов да го одбијам но во еден момент додека му беа кренати рацете при еден дуел со лакт силно го удрив во ребро и се испостави дека му го скршив“, се сеќава Мета Ворлд Пис.
12. Му удри лакт на Харден
Во април 2012 година на мечот против Оклахома, Мета го залепи со лакт по глава Џејмс Харден и тоа беше еден од најнеспортските потези во НБА таа сезона. Харден добил потрес на мозок а Мета дисвалификација на седум меча па тоа резултираше дека нема да ги одигра последните меча на Лејкерс во сезоната и неколку дуели од Плејофот.
13. Во Лејкерс го одбра бројот 37 во чест на 37 недели колку што албумот на Мајкл Џексон Thriller бил на врвот од американската хит парада.
14. Го продаде својот прв и единствен шампионски прстен за 500.000 долари (на хуманитарна аукција).
15. Учесник во најголемата тепачка во историјата на НБА. Доби 86 меча суспензија и страшна парична казна од 7 милиони долари за неверојатниот инцидент што го направи кога се степа со пола сала.
ДЕНИС РОДМАН
1. Се расплакал после бананата на Хаким Олајџувон (а плачеше и при потпишувањето на првиот договор во НБА, при церемонјата на доделување на награда за најдобар дефанзивец и при влегувањето во Куќата на Славните).
2. Признал дека невиноста ја изгубил на 20 години со проститутка.
3. Изјавил дека Лери Брд го преценувале само затоа што бил белец.
4. Добил суспензија од еден меч и 10.000 долари казна поради закачка со замислете, Џон Стоктон.
5. Во 96-та година гол се појавил во шоуто Sunday News а подоцна во The Tonight Show дошол во кожна сукња и готско палто.
6. Еднаш се кладел со навивачите дека ќе даде три тројки по ред за бесплатен тако чипс.
7. Се изнатрошил пари во Лас Вегас.
8. Ја претставил својата прва книга во невестински фустан и со настан на кој самиот се оженил со себе а втората книга имала промоција на гробишта.
9. Пред мечот од финалната серија во ’98-ма отишол да гледа кечери со Халк Хоган и закаснил.
10. Направил сајт rodmantv.com кој во живо пренесувал вечери од неговиот дом од Калифорнија.
11. Во 1997 година Родман се појавил во филмот Double Team со Жан Клод Ван Дам. Легендарниот кошаркар на Чикаго Булс добил три „Златни малини“ за својата улога.
12. Основал кошаркарска лига на стриптизери и стриптизети.
12. Имал секс во директно вклучување во живо на радио.
14. Се дружи со Ким Јонг Ун, претседателот на Северна Кореја.
15. Еднаш со глава удрил судија во лице а за најголем грев во кариерата му го сметаат тоа што намерно со нога шутна еден камерман зад кошот и тешко го повреди. После тоа го суспендираа 11 натпревари.