Роб Поп (39) е од Ливерпул, не е од Гринбоу (Алабама) и на познатиот Лондонски Маратон годинава се облекол исто како ликот кој го толкува Том Хенкс и кој доби Оскар. Англичанецот го истрчал маратонот за 2 часа, 36 минути и 28 секунди но тоа не е сè.
15,000 miles. 2500 x height of #Everest, a 15th of the way to the #moon, 4 x as long as the #Amazon and #GreatWall of China, 5.5 x the distance from #LA to #NYC...or...this run, consisting of 400 days of rubber on tarmac. 37.5 miles a day.#goingthedistance.@wwf_uk @peacedirect pic.twitter.com/khWA5bwwQv
— Robert Pope (@runroblarun) March 6, 2018
Англискиот Форест Гамп истрчал повеќе од својот омилен лик - 15.000 милји (поточно 15.348 милји или 24.140 километри) откако четири пати ги поминал Соединетите Американски Држави. Му требале 409 дена за чудесниот подвиг кој е еднаков на дури 590 истрчани маратони.
„Како и секоја заебана идеја, седев дома и размислував: Што можам да направам за да имам некаква обврска? Има околу 300 луѓе кои ја истрчале Америка, но ниту еден не го направил тркот на Форест па си помислив: ’Можно ли е? Ајде да откриеме’.
If you were wondering what 15,000 miles looks like...#USA #WednesdayMotivation #whale pic.twitter.com/ZAPGRQmrFJ
— Robert Pope (@runroblarun) March 7, 2018
Тој почнал да трча во септември 2016 во Мобајл, Алабама. Дневно трчал по 59 километри и кога го завршил неверојатниот пат се вратил дома во Англија каде девојка му Надин неодамна родила ќерка. Неговото чудо го објаснил вака:
„Пред многу години откако го изгледав Форест Гамп целосно се идентификував со ликот и решив да истрчам како што тоа го направи Форест Гамп.
Маратонот го завршил на 82. место и тоа бил последен круг од долгото патешествие кое почнало во 2016-та кога решил да ја помине цела Америка со трчање.