Приказната за првиот ден на Меси во Барселона

Го викавме кепец

Ако некој најдобро може да ги опише првите мигови на Меси во Барселона, тоа се неговите тогашни соиграчи кои признаваат дека бегале од него кога требало да се игра еден на еден. Еднаш се договориле да го клоцаат сред игра, ама не успеале да го стигнат.

14 години по дебито на Аргентинецот за Барселона на мечот против Порто, некои од неговите поранешни соиграчи се осврнаа на првите негови денови во Каталонскиот клуб.
 
Барселона никогаш немала тим од Кадети Б кој можела да го победи Еспањол од Кадети А во првите години од новиот милениум. Секогаш опседнати со техника, не биле во можност да ги решат своите ривали кои биле физички посилни и поискусни.
 
Но еден ден, тоа се променило. „На нивни терен постигнавме три комада“, се сеќава дефанзивецот од Белгија, Марк Валиенте. Тоа беше 2002-ра година, а дијамантот на Барселона беше еден мал Аргентинец. Тој ја направи разликата против речиси непобедливиот тим.
 
Дојде од Розарио во Барселона само две години претходно и се појави во Инфантил Б (Инфантил е категорија на играчи до 12 години во шпанскиот фудбал). „Во соблекувалната не кажа ни здраво“, вели еден друг дефанзивец, Роберт Франч.

Во младинските екипи на Барселона, новите играчи секогаш го добивале истото прашање: „На која позиција играш“? Родолф Борел го прашал Меси пред цел тим во февруари 2002-ра, а тој без да ја подигне главата која му беше наведната надолу, со тивок глас промрморел: „Напаѓач“.
„Бев воодушевен од него“, вели Роџер Грибет кој и се придружил на Барселона истиот ден кога пристигнал Меси.
„Бев свесен дека мојот физички изглед ми ги отвори вратите во клубот. Јас бев висок 170 см на возраст од 12 години, а тој не беше ни 150. Доаѓаше од далеку, ја носеше 10-та и беше посебен. Во тоа време никој друг немаше во Ла Масија од толку далеку, Меси беше исклучок“.
Инфантил Б тимот наскоро го видел Меси во акција, а Валиенте се сеќава:
„Првот ден играше во напад со Цеск Фабрегас. Тој беше господар во читањето на играта“.
Тој ден играчите виделе нешто сосема ново.

„Секогаш ни покажуваа да играме со едно или две додавања. Уште од мали нозе не учеа на контрола и пас игра со брзо движење на топката. Но одеднаш се појави дете кој можеше да ја премести топката со четири или пет допири со истата брзина која нас ни беше потребна за да ја подадеме“.
Сепак, требале да го видат на соодветен натпревар. И Алберт Бенајс, легендарниот шеф за фудбалскиот развој во Барселона повеќе од две децении, се сеќава во својата книга Ливеро:
„Моравме да побрзаме, бидејќи ако не играше на овие два натпревари, тој не би можел да игра во национална категорија додека не наполни 18 години“.
Првиот меч го одиграл на 7 март 2001 година против Ампоста на кој постигнал гол. Но неговата кариера била под закана само една недела подоцна откако се соочил со скршеница на ногата. До ден денес, тоа е единствената скршеница која ја имал. Но на толку млада возраст веќе било јасно. Меси нема повеќе да игра за Инфантил Б.
 
Откако се опоравил од повредата, почнал да игра за Инфантил А и немало трага од неговата повреда. Се појавил само на неколку натпревари и за брзо време го промовирале за Кадети Б (младинската категорија под 16 години). Во таа група оставил вистински белег.

„Дотогаш тој во голема мера беше незабележан со соблекувалната каде што долго време бевме заедно. Бевме многу убава група, но тој секогаш беше во ќош, сам и тивок“, објаснува Роџер Франч, брат на Роберт и голман на Кадети Б тимот.
Но на тренинг работите не изгледале како во соблекувална.
„Често пати не правеше бесни, бидејќи беше фрустрирачки да се игра против него. Дури и се прашувавме дали сме доволно добри да го правиме ова“, вели Роџер.
„Откако видовме дека ова момче има три брзини повеќе од нас и е поспремен и физички и психички, решивме заедно со другите дефанзивци да му удриме неколку клоци за да видиме што ќе се случи. Но џабе, тој беше толку брз, што не ни успеавме ниту да го клоцнеме“.

„Одиш директно на него и кога ќе сакаш да да го срушиш, тој веќе те оставил позади. Беше машина во секој поглед. Сите ние дефанзивците изнегнувавме да играме со него еден на еден, бидејќи знаевме дека нема шанса да му ја земеме топката“, објаснува Роберт.
Тренинзите со Меси ги објаснува и Пау Торас, голман на Кадети Б тимот:
„Доаѓаше на тренинг без уста да отвори и не оставаше сите без зборови. Потоа сите си одевме дома на најнормален начин“.
„Понекогаш ќе си помислиш дека единствениот начин да го спречиш е да извадиш пиштол и да пукаш, но тогаш ти доаѓа чувство дека тој ќе го преврти куршумот со топка. Тоа беше Меси на 13 години“, се придодава Роберт.
Сепак тој и натаму бил исклучително воздржан се додека со тимот на заминал на турнир во Венеција каде конечно го скршил мразот.

„Почна да ги прави првите шеги, а до тогаш беше толку срамежлив што не правеше муабет со никој. Потоа почна да се дружи со Виктор Васкес кој му беше соиграч и од Аргентина“, вели Валиенте.
Во Венеција соиграчите за прв пат го нарекле џуџе.
„Дури и кога дебитираше за прв тим, дојде да не посети во Ла Масија, а ние му рековме: „Еј џуџе како успеа да заиграш со постарите“, на што сите пукнале од смеа.
„Можеби приватно се жалел од нас, но тој секогаш уживаше со своите соиграчи и мислам дека се уште е иститот. Имам впечаток дека ако се сретнеме утре ќе се гушнеме, како овие 15 години да не поминале“, вели Џибрит.
Генерацијата 1987-ма дипломирала во категоријата Кадети А, скоро сите заедно во 2002/2003 и стана една од најдобрите екипи во Ла Масија, која инаку работеше со покојниот Тито Виланова и Алекс Гарсија. Но ништо не трае вечно и на крајот од сезоната, Фабрегас замина во Арсенал, а една година подоцна Пике во Манчестер Јунајтед.
 
Меси продолжил да се движи напред скокајќи од Јувенил А (У-19) во Барселона Ц (што веќе не постои) и потоа во Барселона Б, сето тоа во една година. На 16 години дебитирал за прв тим, а на 17 станал дел од сениорите предводени од Роналдињо, најдобар играч во светот во тоа време.

„Сите ние кои го познававме и игравме со него, не бевме изненадени од неговата техничка способност што ја има, туку од способноста толку брзо да се прилагоди на која било ситуација“, вели Џибрит.
И потоа додава:
„Меси пред 10 години беше во можност да се забрза во многу мал простор без да ја загуби топката и како што поминуваа годините, тој го доусоврши тоа и продолжи да биде одлучувачки играч. Во секоја фаза од неговата кариера од младинските тимоти до сега, тој секогаш бил најдобар“.
„Меси исто така не знае што е притисок. Има многу талентиран играчи кои не успеваат поради притисок. Мене ми се тресеа нозете кога играв како дете пред 1.500 души публика, а тој игра исто, без разлика дали се работи за ЛШ и кај него во двор“.
 
Меси беше незапирлив тогаш, незапирлив е и сега. Тој ја смени историјата во Барселона. Легендата продолжува.
17 ноември 2017 - 12:56