Но некогашниот капитен на Челси бил сериозен: нашол редактор којшто му помогнал, и се договорил за публикација со издавачките куќи Little и Brown and Company кои работат во Англија и САД. Денес Лампард е автор на дури 19 книги за деца. Последната ја издал во јули 2017. година.
Лампард е грижлив татко. Тој самиот изјави дека дома секогаш им чита раскази на своите ќерки Луна и Исла пред да заспијат. Понекогаш тие барале од татко им да да им раскажува лични приказни и сеќавања од фудбалската кариера. Кога Лампард сфатил дека веќе ги раскажал сите приказни, тогаш помислил да создаде измислен Универзум со сопствени херои. Девојчињата сакале авантуристички приказни па фудбалерот тргнал во овој жанр.
Тогаш му се родила идејата за Frankie's Magic Football (Волшебниот фудбал на Френки) - детска серија книги за малиот Френки и неговите другари кои одат на необични места и играат фудбал со измислени ликови кои најчесто се лоши. За сигурно да се вратат дома, децата не само што треба да победат на фудбал туку и да ја почуствуваат важноста на взаемната помош и добрина.
Сите книги Лампард ги посветува на мајка му, која што почина од пневмонија во 2008. година. Тоа силно го погоди Френк.
„Мојата кариера беше како расказ во кој големи улоги секогаш играа татк ми и мајка ми. Имавме свој свет и го сакавме. Но наеднаш нашата идила престана. Првата реакција беше гнев: мама беше најважната личност во мојот живот, како можеше тоа да и се случи неа, нам? Во светот има толку нечесни и валкани луѓе кои се живи, а таа не е?!“, изјави тогаш еден од најдобрите фудбалери во историјата на англискиот фудбал.
***
Френки и самиот во детството читал многу книги за деца. Ги знаел сите англиски автори а најмногу ги ценел Дејвид Волјамс и Роалд Далиа.
„Добро се сеќавам кога одев во локалната библиотека да земам книги за во школо. Здраво е кога децата имаат од што да бираат - разновидноста на таа возраст е многу важна“.
Во школо Френк најмногу сакал да учи историја и тоа сега му помага да пишува: „Ненормално многу го сакав фудбалот и ми се допаѓаше историјата. Кога родителите ќе ги купат моите книги, треба да бидат сигурно дека нивните деца не само што ќе бидат задоволни туку и ќе научат нешто“, вели Лампард.
Против главните херои во неговите книги играат необични екипи - од диносауруси до древни Римјани и Египќани.
Кога го напишал првиот расказ, Лампард сакал поголема самостојност: воглавном уредникот не му ги оставал мелодичните текстови. Со тек на време Френк многу научил но уште зависи од помошникот:
„Мене ми е тешко да пишувам за деца. Мора да смислиш личности, карактери, тешки линии, локации, места. А кога работев со Мајк (уредникот), тој ми помогна да ги обединам сите во едно. Го чекам моментот кога ќе можам сам да создадам книга“, додава некогашниот англиски репрезентативец.
Вели дека идеи за книгите за деца му доаѓаат секаде: на аеродром, на средба со пријателите во ресторан или на фудбалски терен. Најважно е да не заборави да ги запише мислите во телефон за после дома да може да ги пренесе на компјутер или да ги сподели со семејството. Во серијалот „Волшебниот фудбал на Френки“ има повеќе од 50 главни херои. Некои се потполно измислени а некои се извлечени од познатите фудбалери.
Ирскиот сајт Balls.ie пишува дека некои од хероите се правени врз Стивен Џерард, Џон Тери, Жозе Мурињо (од лошите и секогаш објавува фудбалска војна), па дури и врз ликот на Аврам Грант.
„Мојот најдобар другар Тери е таму. Ги ставив и Фернандо Торес и Петр Чех. Во книгите има и лоши карактери кои со голем ќејф ги создадов“.
Лампард совршено добро знае дека да се задржи вниманието на малите деца додека читаат е особено тешко. Затоа со уредникот смислиле неколку идеи:
1. Ако ја прочитаат цела книга, може да добијат награда: на страниците се скриени мали предмети.
2. Во книгите има табица со карактеристики на хероите која помага да ги запознаете подобро.
3. Секое издание е поврзано со друго - од женско светско првенство до фудбал за Божиќ.
Серијалот книги има дури и сајт. Таму може да се изучат навиките и карактерите на ликовите и да се дознаат кога ќе излезат нови книги.
Френк активно работи на популаризација на читањето. Во октомври 2017 дошол во некое школо во лондонскиот реон Фулам каде го отворил националниот конкурс за поезија.
Книгите на Лампард им се допаѓаат на децата. На сајтот Amazon едно издание може да се купи од 3 до 6 евра во зависност од големината и страниците и од оценките на родителите.
„Тешко е да го споредиш фудбалот со литература. Јас секогаш го сакав фудбалот, но големо задоволство ми причинуваа и книгите. Неверојатно е чувството кога мало машко или женско дете ќе дојде и ќе ми каже дека прочитало книга и им се допаднала“, заклучува Лампард кој ги смени головите за книги.