Не, не е ништо погрешно со насловот. Станува збор за велшки клуб од петта лига чие име е составено од 58 букви! Шпанска Ла Лига реши да го спонзорира овој необичен клуб.
Не било лесно и не се случило преку ноќ. Приказната за тоа како легендарниот Холанѓанец заминал во Каталонија, кулминирала на 13 август 1973-та. Но таа започнала многу време пред тоа со еден куп сопки.
Вчера, на првиот ден од Курбан бајрам, Швеѓанец искина и запали Куран пред централната џамија во Стокхолм, во знак на некаков си нему оправдан протест. За разлика од претходните, овој протест имаше дозвола за одржување од шведската полиција.
Европската фудбалска јавност одново му оддава признание на големиот Роналдо. Португалецот синоќа на Исланд во квалификациите доби признание од Гинисовата книга за рекорди како прв играч во историјата со 200 настапи за својата земја а воедно е и најдобар стрелец на сите времиња во репрезентативен фудбал.
Фудбалската репрезентација на Португалија победи на Исланд со гол постигнат во 89’ минута. Стрелец рекордерот Кристијано Роналдо кој влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Неверојатен, а можеби и без преседан отворен и искрен одговор на поранешен француски министер за економија за тоа какви сè методи користат САД за одржување на својата светска доминација, вклучително и кон сојузниците. „Но и ние сме виновни, бидејќи имаме заборавено дека слободата секогаш има цена,“ вели Арно Монтебур.
Религиозната реторика и апокалиптичните визии се чувствуваат како дома во радикалниот еко-активизам. Библиската апокалипса е одмазда за грешниот свет, таква е и зелената апокалипса, само што, за разлика од првата, нема да изгорат само грешните туку топтан сите. Еко-радикалите не следат никаква наука, тие промовираат библиски фантазии.
Бошко Караџа, одличен познавач на НБА лигата, кој беше дел од Јутјуб подкастот „Стречерси“, преполн со анализи за американската кошарка, има да ви каже неколку поенти за чудото од Сомбор. Посебно за начинот на кој Јокиќ ја постигна една од тројките против Лејкерси на четвртиот и последен меч од финалето на Западот.
Со децении, психотерапијата им се најде на милиони луѓе во светот така што ги сослушуваше без предрасуди за нив и им помагаше подобро да ја разберат ситуацијата во која се наоѓаат за полесно да најдат излез од проблемите. Новите психотерапевти, задоени од разбудената идеологија, не мора да слушаат. Ним им е битно само во кој колективитет да те стават.
Аргентинскиот голман Леандро Рекена постигна погодок од огромна далечина во триумфот на неговиот Кобрезал од 3-1 над Коло Коло во чилеанската лига. Во 77’ минута од мечот додека неговиот сострав водел 2-0, Рекена распалил од своето поле и го совладал колегата Брајан Кортез на другата страна.
А сега земете длабоко воздух пред да го прочитате рекордот на еден нуркач, кој и со влез во Гинис, 1% не ни менува ни помага да разбереме како успеал да преживее.
Словенците требаше на крајот на овој месец да имаат концерт во Киев, што ќе беше прв настап на голема странска група во Украина после руската инвазија. Но „будните“ им најдоа „проблематични ставови“ па се покрена стандарден линч по социјалните мрежи, се направи притисок врз организаторот и тој на крајот реши да им го откаже настапот.
Во подкаст од неполн час, авторот на Дилберт, Скот Адамс, имаше еден сегмент од неколку минути во кој обработува скорешна анкета на Расмусен која покажала дека 47% од испитаниците црнци не се согласувале со изјавата „ОК е да си белец.“ Кратко по ова Дилберт е откажан од сите весници, договорот за книга на Адамс е откажан, како и планираните гостувања и говори.
Замислете да живеете во држава која е толку религиозно крута, што во случај да извалкате неколку страници од Куранот, тоа станува работа за полицијата. Држава во која и деца можат да бидат казнети за наводно непочитување на исламот. Заборавете на Иран. Добредојдовте во Велика Британија.
Да имавме среќа, СССР ќе се распаднеше малку подоцна или воопшто немаше да се распадне, па интересот за демократизација на Југославија ќе беше многу поголем. Вака испаднавме неважни баш кога можевме да бидеме најважни. И така влеговме во период што ги одреди сите наши мали животи и кој во учебниците по историја ќе се нарекува „време на војни за југословенското наследство“, кој почна тогаш а трае и денес.
На меч меѓу Маѕарезе и Ниса во рамки на сицилијанската регионална лига, Џоакино Џардина го постигна најбрзиот гол во историјата на италијанскиот фудбал и ќе влезе во Гинисова книга на рекорди. Од самиот центар на игралиштето, Џардиано постигнал гол за 3,81 секунди.
Европскиот суд за човекови права отфрли тужба против Франција, поднесена од нејзин граѓанин кој барал промена во изводот од матичната книга на родени. Пензионер е, има 72 години, и решил дека е крајно време во крштеницата да не му пишува дека е машко.
Со помош на сериозен ангажман на високи израелски и шведски функционери викендов е спречен протест пред израелската амбасада во земјата на кој било планирано палење на светата книга на Евреите, Тората. Во истата Шведска пред некој ден беше запален Куранот и тоа беше брането по основа на слобода на говорот.
Пред дебаклот од Наполи, Јувентус влезе во одлична серија и фати приклучок за да се бори за врвот. Но покрај фудбалската, паралелно води и судска битка која може многу да и отежни ако не ја добие.
Освен Квинси Џонс, веројатно нема поголем продуцентски ѕвер од Рик Рубин. 9 Греми награди, работење со тешкаши како Ред Хот Чили Пеперс, Металика и Џони Кеш. Сите се убедени дека многу знае музика. Тој одговорно тврди дека не е така.
Не постои навивач на Македонија кој не би посакал да му оди на гости на овој човек. Во музејот му влегле од екипата на Зевзекманија, па сè до новинари на Франс Фудбал. Кипре е жива легенда и не веруваме дека на некој друг му е вака по дома.