Падна и официјално најбрзиот гол во историјата во Италија

На меч меѓу Маѕарезе и Ниса во рамки на сицилијанската регионална лига, Џоакино Џардина го постигна најбрзиот гол во историјата на италијанскиот фудбал и ќе влезе во Гинисова книга на рекорди. Од самиот центар на игралиштето, Џардиано постигнал гол за 3,81 секунди.

Натпреварот меѓу Маѕарезе и Ниса ќе влезе во историјата. Урнат е неверојатниот рекорд кој го држеше фудбалерот на Милан Рафаел Леао кој на едно гостување кај Сасуоло во декември 2020-та постигна експресно брз гол после само 6 секунди и 76 стотинки!

Интересно, коментаторот на мечот само што почна со работа, објасни дека гостите се во бели дресови и црни шорцеви, мораше да вика за лудиот погодок:

Сега 34-годишниот дефанзивец на клубот Маѕарезе влегува во историјата и меѓу топ 15 најбрзи голови во светот на сите времиња.

Пред Рафаел Леао рекордот беше активен уште од 2001-ва година кога фудбалерот Поџи на мечот Фиорентина - Пјаченца ја затресол мрежата после само 8 секунди и една стотинка.

Во моментов за најбрз гол на сите времиња во фудбалот на светско ниво се смета оној на извесен Гавин Стоукс кој во 2017-та за време на средбата Мерихил - Клајдбанк дал гол после само 2,1 секунди.

На подиумот втор е Вук Бакиќ (2012) со 2,2 секунди и Марк Буроус (2004) со 2,56 секунди.

Во Топ 10 сега влегува и јунакот на оваа статија, Џоакино Џардина со своите 3,81 секунди!

„Ќе го носам овој рекорд засекогаш во срцето, но многу сум среќен и за победата и за моите соиграчи. Останатото е само фама и на моја возраст ќе се прославам малку, но како и да е големо задоволство е“, вели рекордерот Џоакино Џардина.

14 февруари 2023 - 09:50