„Тие користат воени алатки. Пред сè, ги користат сите оние системи за слушање и разузнавање кои ги изградија после 11 септември. Тие не се користат само за прислушување терористите туку и странски компании кои се конкуренција на нивните.
Стана тоа јасно во 2014 година кога Сноуден откри дека имало 75 милиони разговори и мејлови за Франција и француски компании кои биле експлоатирани од НСА. Кога Фредерик Пјеручи - човек кој денес треба да ја носи Легијата на честа затоа што ги бранеше француските а не своите интереси па се согласи да одлежи две неоправдани години затвор во американските затвори во аферата Алстом - бил приведен во Менхетен, обвинителите под нос му ставиле 1 милион мејлови. Како добиле еден милион мејлови? Со тајно прислушување. На адвокат ќе му требаа 3 години само да ги прочита… па човекот не можеше да се брани.
Тоа се воените алатки. Второ, тие имаат алатка наречена екстериторијално право. Американците го користат форма на закон, кој е империјалистички закон, кој се состои во тоа да се прогласат за надлежни за работи што не им се допаѓаат. Истиот пример: Алстом, што беше договор меѓу Индонезија и француска компанија. Сметаат дека имало некакво дело во оваа работа пред 10 години и го тужат Алстом! Ни САД не се жртва, ниту една американска компанија не беше вмешана во овој случај. Тие се прогласуваат за светски полицаец за да поткопуваат нечии суверени интереси.
Тоа го прават на сите полиња, особено на економски план. На пример ИТАР: САД составија список од 22.000 компоненти на кои си даваат право да одобруваат или не извоз од некоја странска држава. Пример: купуваш лак за крило на Рафал (француски борбен авион) што е на списокот на ИТАР затоа што не се произведува во Франција. Само поради овој лак си дозволуваат право да ти кажат: 'имаш право да извезуваш во таа и таа земја, но не и во онаа затоа што таа е непријател на САД'. Зошто да водам сметка дали е нивен непријател? Непријателите на моите сојузници не се нужно и мои непријатели.
Заради ова, наша итна задача треба да биде да ги произведеме овие 22.000 производи во Франција... или во Европа, во сојузничките земји кои исто така се жртви на ИТАР. Тоа е суверена политика.
Можам да ви кажам и за Патриотскиот акт, донесен после нападите од 11 септември. Кога француска компанија е купена од американска компанија, американската влада има еднострано право да ги бара сите информации за компанијата. Апсолутно сите информации: патенти, технологии, луѓе итн. Без никакво судско овластување. Ова е причината зошто во аферата за преземање на вентилите за нашите нуклеарни подморници и централи - вентилите Сегол што се произведуваат кај нас - интервенирав порачувајќи дека „не доаѓа предвид овој бизнис да да оди под американска контрола“. Сега е тоа компанија која е под контрола на Канаѓаните, со нив не е проблем да се работи. Американците се предатори.
На прашањето зошто Франција никогаш не одговара на ваквите напади кои ѝ прават штета, Арно Монтебур одговара:
„Прво, затоа што имаме реална, внатрешна слабост. И затоа што отпорот има цена. Кога Жак Ширак и Доминик де Вилпан решија да ги искористат ресурсите како постојани членки на Советот за безбедност за американските напади врз Ирак, тоа нè чинеше скапо. Но, мислам дека треба да научиме да бидеме свои. Етиен де Ла Боети напиша многу убава книга за доброволното слугување. Тој вели дека сервилноста е прашање на навика. Не ни сфаќаме дека сме ја изгубиле слободата. Мораме тоа повторно да го најдеме во себе и да си признаеме дека слободата има цена“.