Не станува збор за политичка коректност. Ни за проста форма, церемонијалност и манири зад кои се кријат други намери. Пристојноста е, и треба да биде, нешто повеќе од потиснување на поинаквите (непристојните?) мислења и начини на однесување, вели нова книга.
Некои ги прескокнуваат, други сметаат дека се корисни како воведи, без оглед дали се напишани од самите автори или од некој познавач на нивото дело. Има и такви предговори кои можат да функционираат како засебни есеи. Во нова книга, сите тие се реални, ама се напишани за книги кои (сè уште) не постојат.
Нова книга на Џон Тирни и Рој Ф. Баумајстер, „Моќта на лошото“, ни потврдува нешто што веќе искуствено го знаеме - дека лошите работи подолго се памтат од добрите, и дека моќта на негативното мислење е како онаа на ламја со три (во случајов четири) глави. И една глава да исечеш, на нејзино место се појавува нова. Освен ако не ги исечеш сите истовремено.
20 години откако напишал книга во која тврдел дека стравот од смртта е тотално неоправдан, еден американски филозоф го менува мислењето, и тоа не само за смртта, туку и за смислата на животот. Вели дека дури сега, на 97, ништо не му е јасно.
Веројатно највлијателниот жив научно-фантастичен автор има нова книга. Се вика „Агенција“, а во неа се замислува свет во кој во 2016 победила Хилари. И, да нема дилеми, не дека тој е нешто подобар од овој нашиов.
Знаеме денешни ВЦ-иња во кои има цели библиотеки полни списанија, па и со по некоја книга. Ама дизајнерите од 18 век или имале уште поголема почит кон пишаниот збор, или обратно, многу добра смисла за критика.
Една од најпознатите музејски институции во Франција, Музејот д’ Орсеј, почнува со нов пристап кон технологијата, истовремено заживувајќи ја својата колекција - преку ангажирање уметник кој треба да замисли како би изгледал Инстаграм профилот на познат колега од историјата.
На 7ми октомври 1946 година од Софија за Скопје свечено бе испратени посмртните останки на Гоце Делчев. По тој повод свечен говор одржал Тодор Павлов, член на Илинденската организација и подоцна (од 1947 до 1962) претседател на Бугарската академија на науките. Извадоци од тој говор:
Нова книга од Џонатан Кеј и Џоан Моријарити ја опишува историјата на друштвените игри како древни уметнички форми, кои на почетокот на дигиталната ера изгледаше дека ќе загубат на значење. Но наспроти ова, тие денес како да ја доживуваат својата нова златна ера.
Моделот Хонда супер хок од 1966 со кој главниот лик од книгата на Пирсиг патува низ Америка, неодамна е вклучен во Националниот музеј на американска историја.
Алан Фиске е психолошки антрополог (да, и тоа има) и професор на Универзитетот Калифорнија во Лос Анѓелес. Неговата најнова книга се вика „Кама мута: откривање на чувството кое поврзува“ (2019). Што означува овој чуден збор?
Улипо (или на француски Ouvroir de littérature potentielle - работилница за потенцијална литература) било движење на неколкумина писатели од француското говорно подрачје и на математичари кои се обидувале да создадат дела користејќи техники кои го ограничуваат изразот, но ја поттикнуваат креативноста.
Некаде тие се сфаќаат како ритуални „пуштања крв“ за да се задоволат книжевните божества, и за да се гарантира добра книжевна жетва во годината која доаѓа. Кај нас не се сеќаваме да сме прочитале негативна критика за книга (фејсбук постови не се бројат), а и да имало сигурно била сфатена лично, како конкурентска злоба или некаква одмазда. Да видиме како изгледа тоа во други контексти.
Базиран на истоимена книга на Шрабани Басу, филмот зборува за вистинското пријателство помеѓу британската кралица и нејзиниот индиско-муслимански слуга Абдул Карим, чие постоење наследниците на Викторија се обиделе целосно да го избришат од историјата на монархијата.
За да подарите некому книга треба доволно да го познавате, дали воопшто сака да чита и што точно. Или пак да сте доволно блиски за да можете да го ставите пред свршен чин со избирање наслов, без тоа да се почувствува како наметнување. Плус да знаете дали таа книга веќе ја прочитал или ја има. И уште куп услови, кои прават подарувањето книга да не е ич едноставно.
Сигурно сте ги сретнале, а можеби сте и едни од нив - луѓе кои развиваат непријателски чувства кон некого само затоа што тој или таа им оди на нерви. И тука не се работи за обична антипатија, туку за активна „ничим изазвана“ омраза, која стои на патот на соработката, добрата волја и пријателството.
Книгите од овој жанр нудат можност да се исчекори од постојаниот тек на драматични научни откритија и да се анализираат пошироките последици од истражувањата кои се во тек. Книгите на овој список се обидуваат да ја следат долгата приказна за тоа како луѓето станале такви какви што се денес, да ја истражат промената околу нас и ограничувањата на нашето знаење.
Нова книга, која содржи архивски документи откриени во 2011, тврди дека постојат индиции дека Франција учествувала во организацијата на сообраќајната несреќа во која почина Албер Ками.
„Изложба“ веројатно и не е најсјајниот опис на она што треба да се случи во четврток, 5.12 во 20 часот во кино Култура. Креативна соработка помеѓу балерина и фотограф чија специјалност е посебна, тн. колодиумска техника, резултира со слики кои делуваат како пораки од оностраното.
Стана славен по своите истражувања на племето Јаномами во амазонската прашума. Но неговите методи го направија неомилен помеѓу поголемиот број колеги-антрополози.
За оние кои ги интересира како е „зад сцената“ на оваа рубрика, да откриеме - често се случува да се трупаат теми и вести за кои би сакале да пишуваме, а или не стигнуваме, или во меѓувреме искрснува нешто поинтересно. Но денес се инспириравме како барем привремено да го решиме овој проблем.
Додека престојувал во Венеција пишувајќи ја книгата која ќе стане негов мемоар-бестселер, писателот се сретнал со афро-американски експерт за уметност - средба која засекогаш ќе го промени неговиот начин на пишување во врска со расните поделби.
Во доцните 1930-ти и раните 1940-ти, Хеди Ламар веќе била холивудска ѕвезда, позната по нејзините улоги на фатални жени. Но малкумина од нејзините современици знаеле за една друга нејзина пасија - иновациите.
Што ако со години се мачите со симптоми кои ви оневозможуваат да извршувате и најобични секојдневни работи, а никој не знае што ви е? Оваа серија, инспирирана од колумна во Њујорк Тајмс, се обидува да дијагностицира ретки пореметувања врз основа на мислење не само на доктори, туку и на „обични“ луѓе.