Основано во 1960 од Рејмонд Кено и хемискиот инженер Франсоа Ле Лионе, движењето Улипо било експериментално и програмско - пишување поезија со користење палиндромски техники (збор што се чита еднакво однапред и одзади); песни во кои секој стих се состои од еден збор, но секој следен збор е подолг за една буква; исклучување една или повеќе букви од текстот; користење на само една самогласка итн.
Нова книга под наслов „Пингвин водич за Улипо: Кено, Перек, Калвино и авантурата на формата“ чиј уредник е Филип Тери, прави детален преглед на историјата на овој книжевен стил, а содржи и избор на текстови од неговите претставници.
Иако свесните само-ограничувања во пишувањето се многу постари од Улипо (преку користење одредени стилски фигури, прецизен број на слогови во секој стих, типови рими итн.), она што се смета за прво дело напишано во негови рамки е „Сто илјади милијарди песни“ на Кено од 1961, книга (фото горе) која се состои од 10 сонети, при што секој стих е отпечатен на посебно ливче. Бидејќи сите 10 ја имаат истата шема на рими, секој од нив може да биде заменет со стих од друг сонет, со што се добиваат 10ⁱ⁴ варијации. И ова е и буквално „потенцијално“ дело, бидејќи никој не може да ја прочита целата збирка во тек на еден животен век.
„Улипијците“ произвеле бројни книжевни дела кои и денес се сметаат за авангардни, каков што е детективскиот роман на Жорж Перек „Исчезнување“ напишан без користење на буквата Е (таканаречен липограм во Е), или романот „Замокот на преплетените судбини“ на Калвино, објавен пред тој да биде вклучен во групата, кој бил инспириран од тарот картите, кои ги нарекувал „машина за конструирање приказни“.
Новите генерации љубители на загатки и игри со зборови можат да се инспирираат од оваа нова антологија. Истовремено, им се оддава почит и на делата на жените кои се дел од традицијата на Улипо, нешто што до сега ретко или воопшто не се правело. Таква е на пример британската авторка Кристин Брук-Роуз, која во својот роман од 1998, „Следниот“ се одвива помеѓу бездомниците, а е напишан без користење на глаголот „има“. Иако во време кога алгоритмите стануваат врв на програмското пишување не само книжевност, туку на и филмски сценарија и на каков и да е друг вид текст, веќе не е финта да напишеш нешто врз основа на ограничена форма, освен ако тоа не раѓа и нов книжевен квалитет. Истовремено, не само пишувањето, туку и преводот на ваквите дела е предизвик сам по себе.