Редовните читатели ја знаат нашата неуморност во следењето на оваа награда, која од 1993 се доделува на најлош опис на коитус во проза. Описите имаат нешто заедничко - не се убави, ама затоа пак се многу упорни во својата намера.
Едниот музичар, другиот математичар со докторат од економија и поранешен министер. Двајцата со радикални идеи во нивните области, пријатели кои од време на време одат заедно на концерти. Нивен неодамнешен двочасовен разговор за сè и сешто - од кучиња-скитници, природата на верата, нападите во Париз и, најважното, нивниот активистички оптимизам.
Aко следната година нашите книжарници се инспирираат од оваа иницијатива, нека не се мачат со батлер и вино, сосема е доволна и по една жолта, цивилизирано сервирана во бокалче. Мезето се подразбира.
Овој месец се одбележуваат сто - земски - години од Ајнштајновата општа теорија на релативност. Таа, како и делото на Ајнштајн воопшто, извршила огромно влијание не само врз научната мисла, туку и врз уметноста.
По неговата смрт во 2011 излезе само една збирка есеи под симболичен наслов „Смртност", за која детално пишувавме тука. Пред неколку дена излезе и втората, којашто е веројатно последна асална, пред да почне да „се гребе дното од казанот" - стандардна процедура за заработка од починати славни автори
Од 19 век па до денес во кубанските погони за производство на пури и кубански цигари многу важна улога имаат тн. „лектори" или читачи. Тие не само што информираат и забавуваат, туку од ваквата своја улога црпат и големо политичко влијание.
Амазон има над 8.000 наслови во делот за рецепти за брзо и лесно готвење, Џејми Оливер во 2011-та издаде книга со 30-минути рецепти, па за некоја година тајмингот го намали на 15, и сето ова се базира илјадници рецепти кои претпоставуваат дека секој дома има направено и чува замрзнат пилешки бујон, или дека има резерва од калабријански зејтин со чили.
На 25 ноември 2005. на 59 години почина ѕвездата на Манчестер Јунајтед и најталентираниот британски фудбалер на сите времиња. Го заврши фудбалот, остана со жените и алкохолот. И кога пиењето му ја зеде силата, го напуштија и жените. На човекот со светска слава, единствен другар на крајот му остана алкохолот.
Црн Даеш, бел Даеш. Првиот обезглавува, убива, каменува, отсекува раце, го уништува заедничкото наследство на човештвото и ја презира археологијата, жените и не муслиманите. Вториот е подобро облечен и уреден, ама ги прави истите работи. ИСИС; Саудиска Арабија. Во борбата против тероризмот, Западот е во војна со едниот, а се ракува со другиот.
Минатата година, со книга на Маргарет Атвуд, започна проект во кој познати автори треба да напишат сто книги кои ќе им бидат објавени дури по сто години. Сега сличен потез прават и двајца филмаџии. „100 години" на Малкович и Родригез ќе биде ставен во временски програмиран сеф, која - здрави-живи - ќе биде отворен на 18 ноември 2115.
Го гледам насловов и тешко ми мрдаат прстиве по тастатура. Можеби беше пригодно да се вратам и одма да го покријам настанот кога веќе бев таму, можеби тие што ме познаваат очекувале да бидам најгласна во оваа грда ситуација, ама јас си ќутам од саботата наваму.
Пред некое време едно (наше) осумгодишно дете нè остави без зборови кога на стандардното теткинско прашање „Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш?" брзопотезно изјави - јутјубер! Нему, за разлика од нам, му е сосема јасно дека се работи за респектабилна, атрактивна и над сè профитна професија. Плус сега вклучува пишување книги.
Чинија со дупки, за оние кои се на диета. Комбинација на лопата со фотеља, за мрзливи градинари. „Фејсбук" или книга со огледалца во кои се гледате себеси - ова е мал дел од пронајдоците во Нонсеум, или музејот на пропаднатите и тотално бескорисни идеи. Демек сите други се спротивно на ова.
Вчера (10.11) од печат излезе нова книга за деца на Итан Хок, опишана како „незаборавна приказна за патувањето на еден татко и безвременски водич за голем број животни прашања".
Хотелите и мотелите се чести замислени или реални локации на американската литература. Оваа книга е напишана низ медиумот на хотелските онлајн критики, преку кои често повеќе откриваме за себеси отколку за она што наводно го оценуваме.
Дејвид Бекам во сабота ќе ги донесе во Манчестер најдобрите играчи од неговата генерација, кои ќе настапат на хуманитарниот меч Уницеф за децата, а кој ќе го суди најдобриот фудбалски судија во историјата.
Текстовите на овој познат белградски новинар биле толку често пренесувани на сајтов што нè фаќа едно незгодно. Но сега, кога тој објави дел од нив во книга во Србија, се надеваме дека нив наскоро ќе ги видиме вкоричени и на македонски.
Ненад има 130 кила и од него се претпоставува дека нема појак голман на вага. Соиграчите не го зезаат дека е дебел, бидејќи по нивните грешки во одбрана, тој го спасува голот. Вториот по дебелина во Република Српска треба да јаде уште многу леб за да го стигне.
За тоа зошто нè привлекува да читаме списоци, или самите да ги правиме, сме пишувале и порано. На нив како на методолошка алатка или како на жанр не се имуни и големи книжевни имиња. Какви се вашите?
Најстарата книжевна награда во Франција за оваа година е доделена на Матијас Енар, за неговиот роман „Компас". Но освен оваа вест има други интересни (и културолошки индикативни) моменти во врска со историјата и сегашноста на ова признание.
Да ни кажеше некој пред десетина години дека ќе правиме разлика меѓу физички и не-физички продавници ќе му речевме да намали со читањето научна фантастика. Ете сега доживуваме вест на денот да е отварање една сосема обична, да не речеме нормална книжарница.