Новата книга се вика „Па сепак..." (And Yet...) содржи 250,000 негови зборови кои до сега не биле објавени во форма на книга. Иако често напишани по одреден повод, овие есеи го имаат оној квалитет на трајно книжевно дело кој не е контрадикторен на нивната (некогашна) актуелност. Хиченс е еден од најдобрите полемичар во историјата на оваа дисциплина, а со оваа постхумно објавена книга овој негов статус само се потврдува.
Текстовите се главно на книжевни и политички теми - има такви посветени на Орхан Памук, на Лермонтов, Орвел и на Салман Ружди, но и критики на јавната какафонија на божикното лудило, на Клинтонови или на Ирак. Сепак, најмногу радува што конечно во книга се појави неговата серија од три текстови под наслов „За границите на самоподобрувањето", парче истражувачко-сатирично новинарство, за чие пишување Хиченс се подложи на третмани на разубавување, откажување од цигари и алкохол, и генерално подобрување на здравјето (нормално неуспешни).
Оригинално напишани во 2007 и објавувани во Венити Фер (тука) овие текстови со голема доза на хумор зборуваат и за немарноста на „субјектот" кога е во прашање неговиот изглед и здравје, но и за целата индустрија на намалување на стресот и овозможување благосостојба на телото и на духот. Откако е неколку часа масиран, тинтран со топли камења и хранет со суви сливи, Хиченс заклучува: „Не знам за вас, но чувството на свежина и благосостојба веднаш ми дава екстра поттик за пиење. А што е пиењето без цигара?". Во втората и третата „епизода" следиме шест часа на забарско столче заради подобрување на „оралното здравје", за на крај сето тоа да се круниса со „сунга" или машка бразилска депилација. Моментот кога девојката го прашува дали сака некаква форма на остатокот од влакната, „тигар или срце" е бесценет, исто како и коментарот - „Ефектот е како да те измачуваат за информации кои ги немаш".
„Зошто ни фали Кристофер Хиченс?" реторички прашуваат насловите на статиите посветени на неговата нова книга. Затоа што да беше жив ќе имаше еден богат дух повеќе во свет во кој таквите се сè поретки.