Еден витез, стравувајќи дека нема да се врати од битка, им пишува на неговите деца во обид да го забележи сето она што го знае. Притоа им ги пренесува и древните источни и западни филозофски учења, за да им даде некаков духовен компас за нивното животно патување, кое ќе мора да го направат без него.
Нешто помеѓу родителски водич и книга за самопомош, книгата се состои од дваесет кратки поглавја, секое од нив со морално „наравоучение". Таткото е замислен предок од 15 век на Итан, витез по име сер Томас Лемуел Хок, а и тој, исто како и авторот, има четири деца.
Проектот започнал пред десет години, кога Хок и неговата жена размислувале да состават „правилник" за животот на нивното семејство, напишан со калиграфски букви и закачен на ѕидот во кујната. Но кога почнале со обичните „легнување во 8 часот" им тргнало, па ги развиле правилата во правец кој е истовремено и практичен и метафизички.
Еве некои од нив содржавни во книгата.
Бр. 2: Понизност. „Никогаш не кажувај дека си витез, едноставно однесувај се така".
Бр. 14, Дисциплина: „Без неа местењето на твоето седло може да трае цело сабајле".
Првиот ракописен примерок од овие правила Хок им ги дал на сопствените деца за Божик. Потоа следувале уште неколку за пријателите, за на крај да ги објави во книга. Идеите му дошле од „други витези", како што тој ги нарекува Мухамед Али, Емили Дикинсон, Ајзенхауер и мајка Тереза. „Мислам дека му заблагодарив само на еден вистински витез", вели Хок, „Том Стопард". Илустрациите се на неговата сопруга Риан, а ова е трета книга на Хок, кој претходно има напишано два романа.