Точно е дека либерализмот е најуспешната идеја од изминатите 400 години, ама точно е и дека неговите најдобри години веќе се завршени, се тврди во нова книга со идентичен наслов како текстов.
Милиони хард-кор христијани во светот веруваат дека Библијата е нешто што било диктирано од самиот Бог а луѓето вклучени во нејзиното создавање само записничари кои фаќале стенограми. Ако речеме дека е така, тогаш испаѓа дека Бог е очајно лош пишувач. Многу пасоси денес не би прошле стандардна уредничка редактура и би биле вратени на доработка, потцртани со многу црвено.
Некои тоа го прават заради слава, други за пари, трети за џабе. Според различни теории, пишувачкиот поттик е поврзан со сексуалните нагони, со потребата човек терапевтски да се испразни или пишувајќи да се обиде да воспостави контрола над светот и сопствениот живот. Но според Орвел сè се сведува на само неколку причини.
Kнига која се обидува да покаже дека гневот кој денес владее со политичкиот пејзаж и со социјалните мрежи не е нов феномен, туку е резултат на чувството на неприпадност на оние понижените, навредените или само гневните низ поголемиот дел од историјата, која постојано се повторува.
„Чисто месо“, историја на тн. целуларно земјоделство, интердисциплинарна област која спојува клеточен инженеринг и синтетичка биологија за да дизајнира нови начини на производство на постоечки земјоделски производи како млеко и месо, има интересна обвивка. Изработена е од лабораториски добиена кожа од - медуза.
Сања Таневска е дипломиран професор по македонски и шпански јазик, професија која што ја доведе да седне на маса и да му предава на професорот по ракомет, „Ел Команданте“ Раул Гонзалес. Ни раскажа каков е тој одблизу.
Не знаеме за вас, но нам ни е потребен посебен напор - фаќање белешки, потцртување, навраќања - за да успееме да запамтиме за што е книгата во текот на читањето, а камоли после некое време. Можеби е до годините, а можеби до тоа дека во просек тоа е нормална работа.
Следнава читачка вест на денот покажува како изгледа разлика помеѓу сељак и селанец - додека првите затвораат библиотеки, вторите протестираат против ваквата одлука.
Антонио Дамасио, веројатно веднаш по Оливер Сакс, е невронаучникот во чии популарни книги се промовира важноста на биолошката основа на она што најчесто се сместува во сферата на психолошкото - чувствата. А тие според него не се некаков нус-производ на еволуцијата, туку обратно, одиграле суштинска улога во нашето преживување како вид.
Глобално, индустријата на „диетални“ производи се соочува со маркетиншка криза. Она што продава денес се производи означени како „здрави“, а не како „диетални“. Што е разликата во сфаќањето на овие два термина?
По фамозното интервју во кое професорски ги деконструираше големите приказни на амбициозната и воинствена новинарка, да фрлиме поглед во багажникот на овој клинички психолог кој полека добива статус на рок ѕвезда, а кој, иако е далеку од десничар, моментално е најголемиот трн во очите на денешната - политички коректна а ужасно нетолерантна - крајна левица.
Во пресрет на утрешните протести на грчката десница за името, во Солун во ист момент е закажан уште еден настан - бесплатен фотошоп семинар, само за православни Хелени. Програмата може целосно да се преземе и за некој наш едукативен собир од сличен тип.
Лесно е да се спореди бруто домашниот производ на Хаити со она на САД или на некоја богата европска земја и да се донесе будалест заклучок за нечија инфериорност и нечија супериорност. Но, кога ќе се постави прашањето зошто едните се сиромашни а другите богати, на површина излегува сето лицемерие на вториве.
Ендевор контент ги откупи правата неодамна објавениот бестселер Оган и гнев, во кој новинарот Мајкл Вулф го раскажува своето сведоштво на првата година од мандатот на Трамп.
Ако сакате да видите мизогинија – вистинска, висцерална мизогинија што сака да засрамува жени, што ги гледа како неспособни да размислуваат сами за себе, или како сопственички на толку отровни мисли што не ни смеат да размислуваат – не одете подалеку од #MeToo.
Кога во 1928 било комплетирано она што подоцна ќе стане Оксфордски речник на англискиот јазик, тоа било поздравено како референтно издание, неспоредливо по својот обем и методологија со кој било постоечки речник од сличен тип. Но неговиот уредник сепак не можел мирно да спие - заборавил на еден единствен збор!
Досегашната практика на користење донирани книги, или такви донесени од семејството и пријателите, за затвореници од три њујоршки затвори се укинува. Сега тие ќе мора да си ги купуваат книгите, и тоа од ограничен број издавачи и мал број наслови.
Во сатиричната колумна која комичарот Енди Боровиц ја пишува за Њујоркер, „Боровиц рипорт“, тој ја дефинира главната линија на раздор помеѓу Трамп и неговата можна конкурентка во претседателските избори 2020 - тој мрази книги, таа има читачки клуб. И тоа би требало да е доволно за Американците кога следниот пат ќе гласаат.
Библиотекарството е потценета професија, и за жал и кај нас, а и во голем дел од светот, се сфаќа како административна услуга на подавање книга од зад пултот и наплаќање казна ако не ја вратиш на време. Но има библиотекари кои се обидуваат да покажат дека во време на висока технологија која полека навлегува и во оваа област, библиотекарот е сепак незаменлив. Сега една од нив доби и супер-херојска фигура.
Зборувајќи на Ен-би-си за својата книга, Мајкл Волф изјавува дека „луѓето на Трамп го сметаат него за дете“ објаснувајќи дека американскиот претседател има постојана потреба од инстантно задоволство, „ниту чита, ниту слуша, тој е како флипер, само мава на сите страни.“
Во мај 1968 во хотелот Хилтон на Менхетен илјада „лидери и идни лидери“ биле поканети на конференција организирана од Асоцијацијата за надворешна политика (FPA). По повод својата 50-годишнина, таа организирала тридневен собир на експерти, и од нив побарала да дадат свои предвидувања за следните педесет години. По конференцијата излегла и книга, под наслов „Кон годината 2018“.
Дебатата во Италија за тоа за кого навивал Бенито Мусолини е децениска. Освен неколку фотографии на стадионите, Бенито не бил некој голем вљубеник во фудбалот така што неговата евентуална врска со Лацио не е онаква каква што светот ја замислува.
Да речеме дека тука би можеле да кликнете на опција која ќе ве поштеди од читање на воведов. И тоа во случајов нема да биде страшно. Но прескокнувањето на најавни и одјавни шпици во филмови и серии значи не само непочитување на трудот на куп луѓе кои се измачиле тие да бидат интегрални делови од доживувањето, туку и третирање на уметноста како потрошувачка „содржина“ која треба да се проголта што побргу и поефикасно.