Исто како што е контроверзно носењето бунди од вистинско животинско крзно, така и користењето животинска кожа за подврзување книги, практика која траела со векови, денес не е особено популарна. Но за оние библиофили кои имаат етички проблем со ова, сега има решение - лабораториски „растена“ кожа.
Првата книга вкоричена во колаген од медуза добиен по вештачки пат неодамна се продаде на аукција на e-bay за 12.790 долари. Изработена е од Гелтор, компанија која е попозната како производител на колаген за козметичката индустрија. Со оваа книга таа им се придружува на кокнкурентите Modern Meadow и VitroLabs во полето на производството на биофабрикувана кожа.
Гелтор ја создал кожата со инженеринг на клетки од квасец, при што во текот на ферментацијата, се добиле различни типови колаген. Тие потоа биле моделирани во табли пред да бидат финиширани како вештачка кожа. Тимот се одлучил токму за колаген од медуза за корицата бидејќи тој покажал добар однос помеѓу флексибилност и цврстина.
Според компанијата, предноста на лабораториски добиената кожа не е само етичка, туку и практична, затоа што оваа може да се направи во кој и да е облик, додека „кравите не се во форма на новчаник или автомобилско седиште“.
Парите од продажбата на книгата оди за Институтот за добра храна, непрофитна институција која преку клеточно земјоделие работи на алтернативи за индустриското добивање животинско месо.
Извор: Смитсонијан