Таг: корица

„Улис“ полни 100: зошто Џојс бил опседнат со специфична сина корица?

Пролетта 1921, Силвија Бич, париски издавач, се фалела со своите планови за објавување роман за кој велела дека е ремек-дело кое ќе биде запишано помеѓу класиците на англиската книжевност. Првото издание на таа книга, под наслов „Улис“, излегло на 2 февруари 1922, на 40-тиот роденден на нејзиниот автор, кој особено бил заинтересиран за еден детал - каква боја ќе биде корицата.

Антроподермичка библиопегија: книгите подврзани во човечка кожа

Постапката има софицистирано име. Но зад него се крие пракса која, спротивно на стереотипите, не е врзана со нацисти и сериски убијци.

Прва книга вкоричена во лабораториски одгледана кожа

„Чисто месо“, историја на тн. целуларно земјоделство, интердисциплинарна област која спојува клеточен инженеринг и синтетичка биологија за да дизајнира нови начини на производство на постоечки земјоделски производи како млеко и месо, има интересна обвивка. Изработена е од лабораториски добиена кожа од - медуза.

Им верувате ли на освртите на задните корици на книгите?

Го знаете она „не ја цени книгата по корицата". Ама оние неколку реченици отпечатени на книгите, кои се обично полни со фалби, особено ако се потпишани од славни автори, играат токму на таа карта.

„Умна" корица којашто ги проценува вашите чувства

Колку пати сте ја чуле изреката „не суди за книгата според корицата“? Оваа го прави токму спротивното - ве суди вас, според вашата „корица“, односно според изразот на лицето. 

„Мил прекршителу“

Книгата на Патрик Венсинк „Расипан клавир за претседател" има необично позната насловна. Толку позната, што компанијата која го произведува познатото виски му испратило предупредувачко писмо на неговиот издавач.