Џентлменот Џек Даниелс

„Мил прекршителу“

Книгата на Патрик Венсинк „Расипан клавир за претседател" има необично позната насловна. Толку позната, што компанијата која го произведува познатото виски му испратило предупредувачко писмо на неговиот издавач.

 

Ова секако не е ни прв ни последен пат на ваков начин да се злоупотребат трговски марки - се сеќаваме и на книги од регионот кои неодоливо потсетуваат на логоа на брендови, патики или цигари („Мама Леоне" на Јерговиќ со старките и „Филтер Југославија" на Луциќ со истоимените цигари), ама сигурно никој не бил толку љубезен во реакцијата како Џек Даниелс.

„Секако сме поласкани од вашата приврзаност кон брендот", се вели во писмото кое правно се води како предупредување, „затоа што вие истовремено ни сте комшија од Лусвил а и наш фан. Иако сме свесни за привлечноста на Џек Даниелс за популарната култура, истовремено мораме да бидеме сигурни дека неговите препознатливи знаци се користат исправно. Едноставно би ве замолиле да го смените дизајнот на корицата, а ние би ви ги надоместиле трошоците кои би произлегле од истото. Ви посакуваме успех во понатамошното пишување".

Познатата јужњачка учтивост вродила со плод, и издавачот во согласност со авторот ќе ја смени корицата. Ама оваа ќе си остане пример за разумен компромис, меѓу вискито, адвокатите и книжевноста.

24 јули 2012 - 12:27