Зборувајте ни за иронија. Човекот кој се наоѓа зад решетки заради измама на милиони луѓе, објави книга со мантри за тоа што е животот и како се постигнува успех. Одгатнувајќи ја тајната на бивствувањето, Субрата порачува дека човек не треба да биде лаком.
Атеизмот како феномен некако го поврзуваме со христијанството и генерално со монотеизмот, како претходно да немало луѓе што не верувале во натприродни сили, Бог или богови. Една нова книга се однесува токму на тие предхристијански атеисти.
Дојавата која во медиумите стигна преку надворешни извори е дека Амазон планира низ Америка да отвори 300 до 400 физички продавници. Ова за многумина, вклучително и за противниците на идејата во компанијата, е спротивно на здравиот разум.
Соочен со вестите дека неговата филмска менторка и пријателка Лоте Ајснер е тешко болна и хоспитализирана во Париз, славниот германски режисер во ноември 1974 одлучил да направи еден симболички гест - да појде пешки да ја види, како жртва во име на нејзиното спасување.
Сакате во Европа? Јебала вас Европа со ваква партизирана и паразитска администрација која наместо да ја упрости постапката за граѓанинот (од кој зема плата), ја усложнува и го малтретира истиот.
Пред некој ден беше организирана собирна акција за библиотеките по нашите затвори. Би било интересно да дознаеме што од собраното најмногу ќе се бара, и колку затворениците воопшто сакаат да читаат по нашите КПУ. До тогаш, еве како стојат работите во Хрватска.
За човекот без кој Роман Абрамович не пиел кафе се смета дека има шесто сетило кога во прашање се младите фудбалери. Го намирисал талентот на Ван Нистелрој, Роналдо, Робен, Нејмар и многу други.
Кога пред три децении Ед Стили, кој денес има 85 години, почнал да изработува инструменти, всушност немал појма што прави. Немал никакво искуство ниту некој да го подучи, а богами немал ни материјали, освен остатоци од дрво од пиланата каде работел. Ама имал едно нешто што не се купува - верба.
Букбокс демо е за дела во ракопис, необјавувани на хартија, без лектура и коректура, без корица и ISBN број. Тие се од неврзаните - и да останат 'демо' тоа воопшто нема да ги засегне. Флуидноста на форматот ги ослободува, а нам ни дава увид во она што се случува вон главните и често застојани издавачки текови. Луѓето пишуваат по дома, и понекогаш пишуваат добро. Пишуваат на македонски и на нам блиски јазици. Ако некому помогнеме да биде преведен и објавен супер. Ако не, барем ќе знаеме дека постои.
Тоа што секој за себе мисли дека е експерт чиј глас заслужува да биде слушнат, всушност само го прави побезначаен гласот на сите други. Меѓутоа ова е логичната завршница на демократизацијата на културата и ужасниот култ на инклузивност, кој инсистира дека сите мора да егзистираат под истиот чадор на корпоративна регулатива и мандат кој диктира како треба да се изразуваме и однесуваме, пишува Брет Истон Елис во текстот за Њујорк Тајмс.
Целосниот назив на книгата за којашто станува збор е: „Магијата на к*р ме боли: како да престанеш да трошиш време што го немаш со луѓе што не ти се допаѓаат, правејќи нешта што не сакаш да ги правиш". Од одма препознавте дека таа е и за вас?
Колку различни предмети допирате во тек на еден час, или во тек на денот? Една фото-серија покажува не само дека се тоа многу предмети, туку и како тие се разликуваат од култура до култура
„Човек, ѕвер, светец, маченик, дух" - вака го опишува Инариту главниот лик во неговиот филмски еп, човекот кого историјата го памти како Хју Глас, а американскиот фолклор како супер-херој.
Да забраниш пцуење со декрет, па уште и во затвори? Вакво нешто може да му текне само на политичар, кој е доволно самобендисан да не мисли дека можеби еднаш ќе заврши таму. И ќе реди сè по список.
И пак од рак, и пак на 69 години - уште еден голем Британец го напушти овој свет. Стинг деновиве е забележан како поагилно вежба тоа јогата, Брајан Фери почесто се загледува во огледало, а и на Стивен Фрај нешто не му е баш најарно. Само Кит Ричардс не покажува знаци на тревога.
Денес пишувавме за гонзо-новинарството на Шон Пен, што некако логично се поврзува со ликот и делото на Хантер С. Томпсон. Неговиот син има нова книга, „Приказни што си ги кажувам себеси", која го опишува чувството да имаш татко чиј ден почнува со виски и кокаин, а со кого се дружиш само кога заедно чистите пушки.
Во 2009 Венити Фер објави книга „Прашалникот на Пруст: 101 познати личности за љубовта, среќата и смислата на животот". Еве ги одговорите на Боуви од август 1998 - по малку груби и саркастични, но на линија со она што тој го смета за негова најмаркантна особина.
Рускиот упад во Сирија за руските медиуми беше херојски обид за спасување на цивилизираниот свет од ИСИС, за американските медиуми истото ова беше протолкувано како непотребно руско заглибување во блато.
Иако на прв поглед изгледаат како да се за мачење, овие машини биле врв на „механотерапијата", метод на одржување на здравјето промовиран во време кога докторите за оваа цел главно советувале „пуштање крв".
Умирале, се откажувале, мистериозно ги прекинувале - сите овие се можни причини зошто некои дела остануваат без својот крај. Но понекогаш тоа се доживува потрагично, што пак врши неверојатен притисок врз оној којшто треба да ја нахрани јавноста. А сè што сакал на почетокот било да си пишува раат.
„Ромула и Стафилус искачаа тука", „Спиев со келнерката", „Атиметус ме напумпа"... Да имало Фејсбук пред две илјади години овие графити би биле статусите на жителите на Помпеја, пронајдени на камените ѕидови на градот под Везув.
За еден меланхоличен ум, наслов како овој на првата книга на Велс Тауер може да звучи како апокалиптична закана, но и како перверзна утеха – ако навистина сè е веќе уништено, прегазено и разрушено, во архитектонска, агрономска, етичка и естетска смисла, тоа остава расчистен простор, за врз стрништето на стариот да се изгради нов, храбар и доблесен свет.
Каша е една од најинтересните личности кои ги познавам. Родена во Полска, половина живот го има поминато во патувања, пакувања и селења – од Африка, преку Швајцарија, до Индија.