Откако долги години немаа проблем со тоа дигиталните платформи да цензурираат луѓе кои не им се по мерка, новинарите на американските корпоративни медиуми денес гласно зборуваат за тиранијата на Сицилиумската долина. И понатаму немаат проблем тие со цензурата. Имаат проблем со тоа да бидат замолчувани нивни.
Откако „Твитер документите“ покажаа сериозни манипулации и политички притисоци во работата на Твитер, се огласи и неговиот основач и поранешен ЦЕО, Џек Дорси, порачувајќи „ова е само моја вина.“
Најдобро е во моментов да се укине Уставот на САД за да се поништат резултатите од претседателските избори 2020 и Доналд Трамп да се врати на власт во Белата куќа, препорачува Доналд Трамп.
Илон Маск (не без прашање) реши да спроведе генерална амнестија на банираните Твитер профили, а меѓу помилуваните е и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Ваквите потези наидоа на негодување кај елитите кои се плашат дека обичниот народ нема капацитет сам критички да ги свари вестите и информациите што ги добива.
Американската новинска мрежа Си-би-ес викендот го почна со триумфална објава дека официјално престанува со објавување на Твитер главно заради несогласување со промените по доаѓањето на Илон Маск. Викендот уште не беше завршен а Си-би-ес веќе беше официјално пишманет.
Речиси половина од сметките што го следат официјалниот Твитер на американскиот претседател (@potus) се лажни, открива официјална ревизија на службената сметка на Бајден. Уште повеќе ги има на личниот профил на Бајден, каде од 32 милиони следбеници, 43% или 14,6 милиони се лажни.
Во моментот кога Маск ќе стане газда на Твитер, тој ќе ја укине доживотната забрана за поранешниот американски претседател да се појави на платформата, затоа што истата едноставно е глупа.
Атлантик, прв пасус: „Тој го нарекува Маск ’кењатор што испорачува’. Па дури и надополнува: Маск претставува тип на кењатор каков што немаме видено до сега.“ Вашингтон пост, прв пасус: „сквернавителот на сервисот“. Гардијан, наслов: „Визијата на Елон Маск за интернетот се опасни глупости.“
Истиот ден кога беше објавено дека Маск станал најголемиот акционер во Твитер, Републиканци побараа од основачот на Тесла да ја врати во живот Твитер сметката на Доналд Трамп.
По 4 години штимање на своите равенки за да не им се повтори резилот од претходните избори, во 2020 анкетарите повторно утнаа околу бројот на гласови што Трамп ќе го освои на изборите.
Да, Трамп изгуби на изборите, ама... во поразот успеа да собере повеќе гласови отколку кој било друг претседател во историјата на САД, а таму каде што Бајден победи разликата главно беше маргинална, и сето ова по 4 години Трамп и катастрофално справување со ковид-19 пандемијата.
За време на кампањата 2016 Трамп инсистираше дека ретко, ако и воопшто, ќе игра голф доколку стане претседател, затоа што едноставно ќе биде презафатен со работа. За време на 4-те години мандат, Трамп ретко кога пропушти шанса да биде на голф терен. Во саботата, таму и ја дозна веста дека Бајден е следниот претседател на САД.
Во 11:25 по источно време (17:25 по македонско), Асошиејтед прес објави дека Бајден победил во Пенсилванија, и со тоа дека ги освојува и изборите во САД.
Увереноста со која анкетарите зборуваа за брза и голема победа на Бајден беше поголема и од дебаклот во 2016 кога Хилари уште во септември ја гледаа како победник. Откако четири години ги прочистуваа и унапредуваа своите методологии, анкетарите годинава се колнеа во три работи: лесна победа на Бајден, преземање на Сенатот од демократите и зголемување на нивната предност во Претставничкиот дом. Ништо од ова не се случи, плус им се намали предноста во Претставничкиот дом.
Се работи за првите 10 месеци од годината, а парите што ги имаат потрошено само на Фејсбук се два пати поголеми во споредба со буџетот од 2016 потрошен на истата социјална мрежа. Една четвртина од овие пари е потрошена само во октомври.
22-ри октомври е третата (технички втора) и последна дебата меѓу Трамп и Бајден пред американските претседателски избори во ноември, а со тоа е и последна шанса за двајцата да се покажат барем пред своите кога и онака никој не се обидува да ги придобие тие од карши.
Ноемвриските избори треба да бидат одложени бидејќи зголемениот обем на гласови преку пошта може да доведе до измама и неточни резултати, порача американскиот претседател.
Ако на некого му кажеш - Пред тебе има порција со измет, и ти треба да изедеш само една половина, а не целото, тоа и понатаму е порција измет, го сумира поранешната ко-претседателка на кампањата на Берни Сандерс изборот што Американците го имаат во ноември.
Бајден моментално има значителна предност на најголемиот дел од анкетите, а Трамп и понатаму е под опсада заради задоцнетиот и неадекватен одговор (за најбогатата земја на светот) на коронавирусот, и во ваква ситуација, на денешен ден, инвеститорите и кладилниците, предност му даваат на Трамп како победник на претседателските избори во САД.
По поразот на Супер вторникот, Сандерс целата надеж ја стави на вчерашното гласање во кое демократите од 6 американски сојузни држави го даваа својот глас. До сега Бајден освои 3, а од уште 3 се очекуваат резултатите.