Со едногласна одлука американскиот федерален суд одлучи дека на Доналд Трамп може да му се суди за упадот во Конгресот на 6 јануари, иако во тоа време се уште беше претседател на САД.
Номинацијата на Трамп се базира на неговата заслуга за постигнување на Аврамовите спогодби меѓу Израел и Арапите, која според предлагачите се уште го нема добиено заслуженото признание.
Првиот човек на норвешките вооружени сили предвидува дека Западот има две до три години за да се подготви за војна со Русија, Трамп победува на Њу Хемпшир, а Путин кон крајот на минатата недела се појавува во Калининград, сето ова аналитичарот на Телеграф го смета за причина што Британија за прв пат по децении е преплашена од започнување на Трета светска војна.
Нов водител и извршен продуцент на водечкото шоу на Комеди централ ќе биде човекот што го прослави и го претвори Дејли шоу во бренд и најпопуларниот водител на шоуто - Џон Стујарт.
Во 2016, откако долго време неговото име беше споменувано во тој контекст, Дилан конечно ја доби Нобеловата за литература за тоа што создал „нови поетски изрази во рамки на големата американска песнопојна традиција“. Маргарет Атвуд имаше теорија зошто му била доделена токму нему, и токму тогаш.
Вивек Рамасвами (кој се откажа од трката) има теза дека оние што ги влечат конците во американската политика имаат намера републиканската трка за претседател да ја сведат на бинарен избор меѓу Трамп и Ники Хејли, за откако Трамп ќе биде елиминиран на некој судско- процедурален начин, да остане само Хејли, чирлидерка на воено-индустрискиот комплекс. Да ја чуеме неа.
Под влијание на заканата од ИСИС, кругови во САД почнуваат да ја преиспитуваат неприкосновеноста на најважниот столб на американското општество, првиот амандман кој ја гарантира слободата на говорот. А тие кругови не се само Доналд Трамп.
Пред некое време пишувавме за зборот на годината според Оксфордските речници, кој воопшто не е збор, туку слика-емоџи. И Меријам-Вебстер го прогласи својот (не)збор на годината. Како тргнало, следната година можеби ќе победи м’мкање или свиркање.
Најлошите работи кои следната година би можеле да му се случат на светот. Најлоши базирано на некакви издржани политички, економски и геостратешки процени, не Холивуд најлоши во форма на апокалипса, Годзила, Десептикони или Локи. Трамп како претседател останува сива зона меѓу Холивуд и реалноста.
Најмоќниот лидер на Европа е бегалец од време и место каде нејзината моќ би била незамислива. Германската демократска република, каде израсна Ангела Меркел, не беше ниту демократска ниту република; беше Орвелијански хорор, каде Железната завеса доби буквален призор во форма на Берлинскиот ѕид.
Одговорот е од една онлајн дискусија на прашањето до луѓето што го поддржуваат Доналд Трамп за претседател (кои веќе станаа сериозна бројка на сите анкети): кои се вашите главни причини што го поддржувате и околу што се сложувате со него?
По неодамнешниот предлог на еден од кандидатите за претседател на САД на сите муслимани да им се забрани влез во САД, поранешниот светски боксерски првак не можеше да премолчи на тоа.
Со својата последна изјава да им се забрани влез на муслиманите во САД, Трамп успеа да антагонизира уште една важна изборна групација. И ако победи како републикански кандидат и ако на изборите оди како независен кандидат, математиката оди во прилог на Хилари Клинтон. А нејзиниот есап може да го расипе Берни Сандерс.
Ако Саут Парк беше човек, тој ќе беше доволно возрасен за да гласа, иако веројатно немаше да го стори тоа. Овој бесрамен цртан е централата за анти-активистичката сатира и богохулење уште од 1997-ма, пишува Џејмс Пониевозик во текстот за Њујорк Тајмс.
Тролањето на претседателските кандидати во САД, традиционално креативно, добива нови димензии со ликот и делото на Трамп. Најново - книга песни составени од негови интервјуа, говори и твитови.
Убијците од Париз ниту беа Сиријци, ниту користеа енкрипција, двете работи за кои американската влада ги користи нападите од Париз како алиби за да ги забрани.
Кога ја започна кандидатурата на партиските избори за претседателски кандидат, на Трамп во најдобар случај гледаа како на маскота. Повеќе митинзи и неколку дебати подоцна, Трамп последниве три месеци на анкетите постојано е на прво место меѓу републиканците. Сега најмногу што му даваат е партиска номинација.
По принципот дека дури и расипан часовник два пати дневно покажува точно време, Доналд Трамп изненади многумина на тема за која до пред некое време не знаеше ама баш ништо. Како што велеше тогаш, ќе научам кога ќе треба.
Минатата недела главна споредна вест беше компанијата Туринг Фармасутиклас, која ги купи правата за лекот Дараприм и му ја крена цената од 13,5 долари на 750 долари за апче. Веста ќе го истераше својот краток животен век и ќе беше заборавена, доколку ЦЕО-то на компанијата не одлучи да отвори уста.
Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја