Изборот на речникот за збор на 2015 е суфиксот „-изам", и тоа заради голем обем на пребарувања на седум зборови во онлајн речникот на овој издавач кои ја содржат оваа наставка. Со нив пак се поврзани одредени настани кои се случија во 2015, што доведе милиони да ги пребаруваат овие „изми". Тоа се:
социјализам: Пребарувањата на овој збор се зголемиле за 169 проценти помеѓу 2014-2015 година, со што тој станал седмиот најпребаруван збор на сите времиња. Причина: кандидатурата на демократскиот претседателски кандидат на САД, Берни Сандерс.
фашизам: Меријам-Вебстер го објаснува интересот за овој збор со друг претседателски кандидат, Доналд Трамп, како и со нападите во Париза, Колорадо Спрингс и Сан Бернандино.
расизам: Бројот на пребарувања за овој збор во однос на лани пораснал за 50%, најверојатно заради пукањето во Чарлстон, Јужна Каролина, протестите на Универзитетот Мисури, полициските напади на двајца Афро-Американци итн.
феминизам: Некои пикови во пребарувањата минатата година имале врска со стории за Ејми Шумер, Хилари Клинтон, Малала Јусафзаи и др.
комунизам: Во однос на минатата година пребарувањата во врска со „комунизам" пораснале за 38%, и изгледа се поврзани со претходниот, социјализам, како и со промената во врските помеѓу САД и Куба.
капитализам: поврзано со социјализам и комунизам
тероризам: 110% попребаруван од претходната година, со голем пик по париските напади, но и во врска со вестите поврзани со ИСИЛ.
Од останатите зборови кои играле голема улога минатата година Меријам-Вебстер ги издвои и „хипокрит" (во контекст на расправии помеѓу американски политичари) и „минион" (поврзано со aнимираниот филм, инаку со значење на „понизен следбеник на моќна личност“).
Лани збор на годината на Меријам-Вебстер беше постандардниот - „култура".