Песимистички водич за светот во 2016

Најлошите работи кои следната година би можеле да му се случат на светот. Најлоши базирано на некакви издржани политички, економски и геостратешки процени, не Холивуд најлоши во форма на апокалипса, Годзила, Десептикони или Локи. Трамп како претседател останува сива зона меѓу Холивуд и реалноста.

Сценарио 1
Нафтата се качува на 100 долари по барел.
Последици:
- Цената на нафтата наместо да продолжи да паѓа, се враќа на 100 долари за барел.
- Растот ги спречува плановите за буџетско штедење во САД и ја фрла Кина во рецесија.
- Нуклеарната индустрија добива стимул, како и енергетските компании кои работат со обновлива енергија (ветер и сонце).

Сценарио 2
Британија ја напушта ЕУ.
Последици:
- Фунтата крахира
- Лондонската берза крахира, а гувернерот е присилен да ја крене каматната стапка за да спречи одлив на капитал.
- Шкотската одлука да одржи уште еден референдум за независност го акцентира колапсот на британските обврзници.

Сценарио 3
Банките се погодени од сајбер напад.
Последици:
- Пад на доларот.
- Финансиските акции, преплавени од барања за наплата на осигурување, се сериозно погодени.
- Скапите њујоршки недвижнини ја зацврстуваат својата цена откако инвеститорите се обидуваат своите пари да ги стават во "безбеден" имот.
- Цената на златото расте бидејќи инвеститорите бараат безбедна инвестиција.
- Акциите на компаниите се специјализирани за сајбер-безбедност имаат спектакуларен раст како последица на стравот и конфузијата.

Сценарио 4
ЕУ се распаѓа заради анти-миграциската паника.
Последици:
- Акциите на проблематичните држави како Грција и Португалија крахираат, откако владите одлучуваат да ги прифатат економските барања на наследникот на Меркел. Заради проблемите на пазарот Грција мора да го напушти еврото.
- Германските обврзници растат како што Германија влегува во нова фаза на политичка нестабилност а грчкиот излез од еврото започнува потера по следната жртва.
- Еврото паѓа заради се поголемиот страв за остварливоста на заедничката валута.

Сценарио 5
Кинеската економија се распаѓа, на нејзина сметка војската доживува подем
Последици:
- Ова доведува до поморски тензии кои го нарушуваат авионскиот сообраќај и глобалниот бродски транспорт.
- Паѓа вредноста на акциите низ цела Азија.
- Цената на нафтата расте заради попречувањето во бродскиот транспорт.
- Акциите на американските одбранбени компании растат, исто и на кинеските.

Сценарио 6
Израел ги напаѓа нуклеарните инсталации на Иран.
Последици:
- Раст на цената на нафтата
- Раст на цената на златото
- Новите трговски договори со Иран се стопирани, што најмногу им штети на големите европски нафтени компании.
- Пад на израелските акции.
- Раст на акциите на одбранбената индустрија врз основа на очекувањата за поголема воена потрошувачка.

Сценарио 7
Путин успева да ја заобиколи и изолира Америка
Последици:
- Се крева вредноста на рубљата и руските акции
- Акциите на европската прехранбена индустрија растат откако Русија го укинува ембаргото за увоз.
- Германските акции исто така имаа пораст по укинување на санкциите за извоз.

Сценарио 8
Климатските промени се влошуваат
Последици:
- Акциите на реосигурувањата пропаѓаат
- Земјите во развој кој покажаа некакви знаци на напредок, паѓаат во рецесија
- Раст на цената на земјоделските производи

Сценарио 9
Изгубената деценија на Латинска Америка
Последици:
- Крах на берзите
- Петробрас банкротира
- Колапс на Бразил.
- Скок на каматните стапки во регионот, што создава перпетуален круг на банкроти, отпуштања и уште повеќе социјални немири.

Сценарио 10
Трамп станува претседател на САД
Последици:
- Пад на вредноста на доларот
- Кревање на цената на златото
- Пад на вредноста на пезосот
- Американските компании кои работат за одбраната имаат пораст заради зголемената воена потрошувачка.
- Паѓа вредноста на акциите на приватните компании, заради веројатноста Трамп да го убеди конгресот да се направат промените на даночниот систем со кој ќе се затворат дупките во него.

Целиот текст и како би дошло до сето ова, тука

16 декември 2015 - 11:28