- Доналд Трамп убедливо победи на републиканските избори во Њу Хемпшир пред поранешната амбасадорка на САД во ООН, Ники Хејли, која стана негов главен противкандидат по повлекувањето од трката на гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис.
- Хејли го призна поразот во Њу Хемпшир и му честиташе на Трамп, но порача дека нема да се откаже изјавувајќи дека трката за републиканската номинација „е далеку од готова“.
- „Денеска се приближивме до половина од гласовите. Сѐ уште имаме работа, но се движиме нагоре“, им порача Хејли на своите поддржувачи во Њу Хемпшир.
- Трамп за неа знае да каже дека има пилешки мозок.
- Ерфорс 1, авионот на претседателот на САД, ќе биде префарбан во нова комбинација на бои во избор на Доналд Трамп – темносина, бела, црвена и златна, потврди Военото вздухопловство. Ќе прилега на малиот модел што Трамп го изложува на работната маса во Овалната соба при средба со странски лидери.
- Боинг веќе почна да модификува два свои авиони 747-800, кои треба да ги заменат двата идентични 747-200 што ги користи претседателот. Секретарот за авијација Трој Мејнк во јуни изјави дека безбедносните модификации би чинеле помалку од 400 милиони долари.
- Трамп уште во својот прв мандат побара да бидат префарбани претседателските авиони, кои уште од времето на Џон Ф. Кенеди се во светлосино-бела комбинација од бои. Трамп побара горната половина да биде бела, а долната темносина, со црвена и златна линија од клунот до опашот, слично на неговиот приватен авион. Ревизија на Воздухопловството оцени дека тоа ќе ја зголеми цената и ќе ја одложи испораката на авионите, па Џо Бајден ја укина одлуката во 2023 година.
- „Сè си има свое време и место. Ќе ги смениме боите. Сакаме моќна сина, а не бебешка сина“, изјави неодамна Трамп.
- Словачка и Унгарија нема да ѝ испорачуваат дизел на Украина сè додека Киев не го обнови транзитот на руска нафта до двете земји преку нафтоводот Дружба. Нафтоводот наводно бил оштетен при руски напад на 27 јануари.
- Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека цел на мерката е да ги обезбеди сопствените залихи додека не пристигне нафта од алтернативни извори. „Рафинеријата Словнафт ќе го запре извозот на дизел за Украина и други земји. Сите горива произведени во Словачка ќе бидат наменети за домашниот пазар“, објасни Фицо. Тој додаде дека ќе бидат ослободени 250.000 тони сурова нафта од државните резерви за да се надополни изгубеното количество руска нафта.
- Претходно и Унгарија направи идентичен потег. Министерот за надворешни работи Петер Сијарто оцени дека затворањето на Дружба е „политичка уцена“ поради противењето од Будимпешта за брз прием на Украина во ЕУ.
- „Зеленски од политички причини одлучи да не го рестартира транзитот на нафта, намерно загрозувајќи го снабдувањето на Унгарија со енергија, додека ние играме суштинска улога за енергетската безбедност на Украина. Голем дел од увозот на гас, струја и дизел за Украина доаѓа преку Унгарија. Не може да се очекува од нас да гарантираме енергетска безбедност на друга земја, додека нашето сопствено снабдување е во опасност. Енергетската соработка мора да биде взаемна и да се заснова на почит, а не на притисок“, изјави Сијарто.
- Чешка ѝ понудила на Словачка ограничени количини преку обратен тек од нафтоводот Дружба, но во мал обем. Братислава и Будимпешта, исто така, вршат притисок да добијат повеќе нафта преку хрватската инфраструктура.