Баерн Минхен за првпат во својата славна клупска историја не можеше да најде асален тренер, односно немало едногласни одлуки во управата за дури 9-10 одлични стратези од кои пак некои во моментов процениле дека им е подобро таму каде што се.
Фудбалот носи возбуда и дополнителен шмек кога ќе се случат примери како Порто кога освои ЛШ, Лестер Премиер лига, пред сите оние милијарди на ултра богатите и кога ќе се најдат јунаци кои ќе го прекинат монополот на еден Баерн Минхен. Колку само мака видоа за да стигнат до тронот. Годиништа.
Кога се отвора малку постар ретро муабет за германски фудбал се почнува со Франц Бекенбауер, на кој се надоврзува Герд Милер, а во пакет со нив двајца оди Зеп Мајер. И тоа е трио, како една задолжителна лекција која треба, односно мора да се знае.
Томислав Пиплица имаше солидна голманска кариера. Од Искра Бугојно преку Загреб, Сегеста и Самобор стигна до германски Енерџи Котбус. За овој клуб бранел на 248 натпревари но се памети по автоголот на мечот против Борусија Менхенгладбах во сезоната 2001/2002.
Галамата околу оваа оценка на американскиот режисер не стивна ни кога Оливер Стон објасни дека му имаат извадено стара изјава која ја дал пред да излезе филмот. Попат Стон јако го запердаши и Џон Вик на Киану Ривс. А медиумите кои се гледаат како чувари на холивудските икони, оти па нема како да се опише Стон, го пишуваат како „апологетот на Путин.“
Годинешната изведба на една од двете нумери што ги знаете од Новогодишниот концерт ќе биде малку поинаква од вообичаено, откако на Радецки марш му најдоа нацистички врски.
Почна со видеа со мачки, стана алтернатива на телевизијата, а во следната итерација се очекува дека ќе се врати како исполирано, корпоративно изедначено воскресение на телевизијата.
Во чест на една од своите најголеми клупски легенди, Маркус Розенберг, виоскиот центарфор кој од свои 5 години е во Малме, а кој синоќа го одигра последниот меч за шведскиот клуб затоа што оди во пензија, навивачите подготвиле прекрасна кореографија.
Не е лесно да се оди на млади години во пензија. Патрис Евра веќе не знае како да го помине слободното време, па откако даде интервју за хрватски медиум, му посвети песна на поранешниот колега од Јуве, Марио Манџукиќ.
Највпечатливиот и најјакиот навивачки момент од квалификациските натпревари за ЕП 2020 се случи на стадионот на Хајдук, каде Хрватите ја пречекаа Унгарија. Во очи на мечот го рокнаа безвременскиот хит на покојниот Оливер Драгоевиќ кој го згрмија 30.000 луѓе. Фантастична идеја од која се создаде страшна атмосфера.
По голем број дерби и возбудливи натпревари со многу голови, утре со почеток од 21:00 часот е закажана финалната пресметка на најпознатиот фудбалски турнир во Скопје.