- Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, побарале и добиле апанажа од 2.500 евра, која ќе ја добиваат во следните 12 месеци.
- Покрај апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.
- Освен експремиерот и поранешниот министер за внатрешни работи, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска и Исмаљ Камбери од Комисијата за заштита од дискриминација.
- Американците имаат сè понегативни ставови за Израел и за премиерот Бенјамин Нетанјаху, според новото истражување на центарот Пју. Анкетата спроведена во март покажува дека 60% од возрасните во САД имаат неповолен став за Израел, во споредба со 53% минатата година.
- 28% од возрасните Американци имат „многу неповолен“ став за Израел. Тоа е за 9% повеќе од лани и речиси тројно повеќе отколку во 2022 година.
- Впечатлива е разликата во довербата на републиканците за политиката на израелскиот премиер. Меѓу оние на возраст над 50 години, 58% се убедени дека Нетанјаху носи правилни одлуки, а од помладите му веруваат само 30%.
- Повеќе од половина од Американците (55%) немаат доверба дека претседателот Доналд Трамп прави добри одлуки кога станува збор за односите меѓу САД и Израел. Овој процент е речиси непроменет од август 2025 година.