- Осомничениот за убиството на младата Вања и велешанецот Панче се огласи со писмо на Фејсбук објавено од неговата партија Десна.
- Вели дека е невин за она што се сомничи, дека самиот барал итна екстрадиција во Македонија, дека не бегал, дека не бил фатен на автопат....
- Тврди дека неговиот јавен линч во кој иако само осомничен веднаш беше прогласен за монструм е оркестриран од „Калето“, воден од поранешниот министер за Внатрешни работи Оливер Спасовски а егзекутиран од јавниот обвинител Гаврил Бубевски.
- Љупчо Палевски изразува длабоко сочувсто за смртта на Вања и Панче, посебно за таткото на Вања, „кој во моментот кога го загуби детето, монструмите го осомничија дека тој бил во контакт со мене и давал информации“.
- Во исказите на притворените се сомнева и прашува дали биле тепани.
- Палчо вели дека сите докази кои ги има за овој случај ги чува за на суд за да останат пишани и материјални докази за тоа.
- „Додека ја чекам судската постапка, далеку од Македонија, ве поздравувам и ќе повторам, ПАЛЧО не киднапира, убива деца и старци, тоа треба АУТИСТОТ (Спасовски - н.з.) да го запомни“, се вели во писмото чија автентичност во овој момент не може да се верифицира.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.