Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Остануваме заробени во северната зандана

11 февруари 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ако ве фати полиција со возачка без „Северна“ ќе платите казна како да имате истечена возачка дозвола (тука)

  • Ако недај боже направите сообраќајка, а имате возачка без Северна, нема да важи осигурувањето а штетата ќе падне на возачот (тука)

  • Нема да може ни да излезете од државата без пасош со "Северна" (тука)

  • Се очекува хаос и за налепниците: Ќе мора да отидете до станица за технички преглед, да пополните барање со  податоци за вас и вашето возило, да го доставите до шалтерот на МВР, за на крајот налепниците да бидат залепени од контролор во станицата (тука).

  •  Сите бракови на кои на венчаниците не им пишува "Северна Македонија" нема да важат од полноќ на 12 февруари 2024 (се зезаме, од мака)

Неколку реакции:

Не е ли малку безвезе да ако ве фатат без возачка од Северна, казната да ја платите со пари некои пишува Република Македонија.
Мартин Толовски

***********

Од среда Македонија ќе застане, севернава вештачка творба ќе ја парализира. Кажете им фала на сдсм, нивните гласачи и тие 600.000 морони кои гласаа на референдумот. И за сите овие седум години понижувања промена на име, обид за промена на јазик, идентитет, историја, што ја доведоа Македонија да ја гази кој како сака, да ја ограбува, ништи, омаловажува.

Има 87 дена до избори. Избори на кој нема да бидат сменети, ќе бидат уништени. Засекогаш, затоа што полошо не било ни под сите окупации кои сме ги имале, ни под сѐ што сме морале да издржиме.

А после и соодветни казни.
Божидар Божиновски

*******

Добро сеа, да точно е... сменивме име, пасоши, лични карти, таблици, топоними, возачки дозволи, пол, крштеници... ама па затоа за возврат влеговме во ЕУ. Ферски е да се признае.
@TheFitzzz

********

Фала многу Оливер Спасовски.

Покажа како може едно Министерство кое треба да се грижи за безбедноста на државата и на граѓаните, да направи хаос и калакурница за обични возачки и сообраќајни, посебно за вториве, каде од ВАШИ вработени во МВР бевме убедувани дека не треба да се менуваат при регистрација.

Инаку Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде пишува дека возачките и сообраќајните НЕМА ДА ВАЖАТ ОД 12.02.2024 Е ДОНЕСЕН во ЈУНИ 2021Г.

Како бе машко не најдовте засходно да ги информирате оние што регистираат последниве 2 години дека треба да се сменат сообраќајните и да ги упатат да си ги сменат и возачките??! А за возачките ни велевте ок ќе е, низ дома кругчиња да си правите.

АМА вас ви е гајле- вие си ги имате сменето сите документи- не чекате ко дебили на телефон да добиете прво контакт, па да чекате 2 сааати - и така секој ден.

Денеска не е лошо да излезете од подрумот или одморот, сеедно, и да им кажете на граѓаните оти 2 години од ваши вработени во МВР биле убедувани дека сообраќајните нема потреба да се менуваат. Барем едно гу-гу.

Многу јако го зезнавте политичкиот противник да се поти сега, ама всушност не зезнавте нас гласачите, а ние не сме глупи, тоа не сте го зеле предвид како клучен фактор во калакурницата што ја создадовте.

И шо сакавте? Глас за шо - Европски фронт?!
Жанета Трајкоска

********

Има да возам па на КУР да ми се качат.
@AristoCat221

********

 

 

 

 

извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
3

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
4

Самоил и дупките

Балканштина
5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

8

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога ќе в Осло појдете, по жени да не мавате

Граѓански преписки

Зошто инвестирав со словенечка вотка

Искрен оглас на денот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy