- По упадот на партиски активисти на ДУИ во контролата на летање, МВР соопшти дека од 8 насилници, 4- ца се во станица (Скопје1 вика дека не биле упасени или приведени туку галантно викнати во полиција).
- Директниот повод за упадот бил да се дисциплинираат или натепаат вработени Албанци кои се солидаризирале со синдикатот во Контролата од каде беше барано да се поништи одлуката за вработување на нестручни кадри. Од синдикатот велат дека немаат намера да отстапат па макар и се „затворило“ македонското небо, односно можен е штрајк на контролорите на летање.
- Полицијата не може да го најде ексминистерот Беким Незири, вработен во М-НАВ, а кој е пријавен дека ги организирал и пропуштил лицата кои влегоа да се тепаат со контролори на летање.
- „Ја известуваме јавноста и дека МВР во наредниот период континуирано ќе ја обезбедува зградата на МНАВ“, соопшти министерствотѕо на Оливер Спасовски.
- Трговски синџири во Шведска, Белгија и Луксембург ќе мораат да фрлат тони замрзната храна откако хакери упаднале во нивните компјутерски системи и ја кренале температурата во фрижидерите на плус 50 Целзиусови степени.
- Менаџер на супермаркет во Стокхолм изјави дека нападот бил извршен во 2 часот по полноќ, а бил забележан во 5.30 часот.
- Надлежните служби не посочија виновник за нападот. Не се јави група да преземе одговорност.
- Сличен напад во октомври беше извршен врз близу 350 супермаркети во Франција. Освен што ја уништиле храната, некои фрижидери и се запалиле.
- Пентагон неодамна објави дека како можен хакерски напад ја третира серијата мистериозни дефекти на замрзнувачите во воени бази во САД во текот на август.
- Цените на природниот гас во Европа во средата се искачија на највисокото ниво од 2022 година, надминувајќи 100 евра за мегават-час.
- Скокот на цените на гасот е одраз на загриженоста дека Трамп би можел да започне нов бран напади врз Иран по изборите следната недела, што носи ризик од одмазда од страна на Техеран насочена кон енергетската инфраструктура во Заливот.
- Сегашните цени сепак се далеку под историскиот рекорд од енергетската криза во 2022 година кога во март достигнаа 345 евра за мегават-час.