Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Рекордна цена на гасот во Европа после 2022 година

2 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Цените на природниот гас во Европа во средата се искачија на највисокото ниво од 2022 година, надминувајќи 100 евра за мегават-час.
  • Скокот на цените на гасот е одраз на загриженоста дека Трамп би можел да започне нов бран напади врз Иран по изборите следната недела, што носи ризик од одмазда од страна на Техеран насочена кон енергетската инфраструктура во Заливот. 
  • Сегашните цени сепак се далеку под историскиот рекорд од енергетската криза во 2022 година кога во март достигнаа 345 евра за мегават-час.
извор

САД сакаат да пуштат руски гас за Европа преку Украина

2 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Вашингтон ги притиска Москва и Киев да склучат „енергетско примирје“, кое би овозможило обновување на продажбата на руски гас на Европа преку гасовод низ Украина.
  • Продажбата би се одвивала преку американски посредник, за да се заобиколат санкциите од ЕУ за Русија.
  • Според извори на Волстрит журнал запознаени со планот, Европа би добила гас што го нема доволно во резервите спроти зимата, Русија би добила пристап на европскиот пазар, Украина би добила приходи од транзит низ цевководите, а американски инвеститори можност за профит како посредници.
  • Средствата заработени од продажбата на гас, Русија би ги уплаќала на посебна сметка во трета земја, за да не може да ги користи тие пари за финансирање на војната.
  • Според сегашната регулатива на ЕУ, набавката на руски природен гас мора постепено да се укине до крајот на 2027 година. Европски лидери тврдат дека немаат интерес повторно да станат зависни од енергија од земја што ја сметаат за своја главна стратешка закана.
  • Украина, пак, продолжи да ги напаѓа руските рафинерии, наспроти барањето од Трамп да ги запре. Зеленски изјави дека нападите ќе запрат кога САД ќе му обезбедат на Киев пресретнувачки ракети за системот Патриот.
извор

Трамп ќе стане „Господин Вето“

2 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Ако демократите на изборите утре освојат мнозинство во Претставничкиот дом и Сенатот, претседателот Трамп има стратегија да блокира мерки и закони од Конгресот за да ја спроведува својата политичка агенда. „Претпоставувам дека ќе станам Господин Вето. А потоа, во одреден момент, веројатно ќе склучиме договори“, изјави неодамна Трамп.
  • Заменик-шефот на кабинетот Стивен Милер и директорот за буџет Расел Воут уште од март анализираат што Трамп законски може да направи сам, каде би можел да ги помести границите на своите овластувања и како да ги брани тие одлуки на суд. Идентификувале извршни мерки за имиграцијата, царините и федералните трошоци кои Трамп би можел да ги преземе без одобрение од Конгресот.
  • Во првата половина од својот втор мандат Трамп се повикуваше на национални вонредни состојби за да воведува царини, да ја намали администрацијата, па дури и му објави војна на Иран без да бара дозвола од Конгресот.
  • Ако Конгресот ги укине вонредните состојби, Трамп би можел да стави вето, кое може да биде поништено само со двотретинско мнозинство во двата дома.
  • Сепак, нема да може да го спречи Конгресот да отвора истраги против функционери од федералната администрација за злоупотреба на овластувањата или за судир на интереси.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Еверест веќе не е највисоката планина?

2

Почина Мишо Хрњак од Азра

3

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

4

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина
5

Реметење билдери на отворено

Видео
6

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
7

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
8

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

1

Еверест веќе не е највисоката планина?

2

Почина Мишо Хрњак од Азра

3

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

4

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
5

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
6

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

7

ЕУ нема да се спаси со такси за ТЕМУ

Бизнис
8

Јанез Јанша за ЕУ: Што мислевме, што испадна?

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Корпоративен меморандум

Ферал Трибјун - една историја

Ноќеска во Чаршија

Бжежински нè напушти, муџахедините ни останаа

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy