Кај нас со право одамна е одомаќинето мислењето дека „Германецот не остава ништо на случајот“ и дека „кај нив нема трте-мрте и сè е црно на бело“. Во секоја област, па и во фудбалот.
Во понеделникот вечер Германскиот фудбалски сојуз (DFB) објави: На Евро2020 репрезентацијата на Германија ќе ја води селекторот Јоаким Лев и нема никакви промени. Ова е дополнителен удар на интересот на германската јавност за бундестимот.
Точно, познат е како голманиште, со години еден од најдобрите и најиздржливите во свет, како и људина од човек. Но, како што вели самиот и тој е човек кој греши и е свесен за тоа. Плус отворен и искрен за проблемите кои ги имал во животот, како што е депресијата.
Ќе го памети Манчестер и градот и клубот, а посебно тие проклети пенали кои не го сакаат и не го сакаат. Судиското продолжение му стана ноќна мора последниве две години и токму во тие последни мигови остана и можеби и ќе остане без трофејот кој му фали во кариерата.
Ситуацијата во германската фудбалска репрезентација не била нималку наивна во изминатите неколку месеци. Се појавиле поделби кои придонеле за лоша атмосфера во соблекувалната. Селекторот Лев не направил драстични промени, туку „чепка“ по малку.
На вториот ден по слетувањето во земјата домаќин на Мундијалот, Deutsche mannschaft го одржа првиот тренинг во базата Ватуники близу Москва и ги израдува присутните деца.
И покрај искрените обиди да објасни што се случило, Илкај Гундоган го исвиркуваше цела „Бај Арена“ во Леверкузен на последната проверка на Германија против Саудиска Арабија пред стартот на Светското. Високата десница бара укинување двојни државјанства.
Да ја анализираш кариерата на Џиџи Буфон е како да раскажуваш дополнителни 22 години живот. Историски мигови, незаборавни паради, многу трофеи, безброј рекорди и пред сè верност кон Јуве која ја демонстираше со срце дури и во втора лига. Голманиште за кое ќе се зборува и по 100 години.
На легендата на Јуве душа му извадија за острата изјава упатена до Мајкл Оливер по мечот со Реал Мадрид во четвртфиналето од ЛШ. Италијанците се цареви за хумор, па се најде една будалетинка која направи пародија од критиката на Џиџи.
Навредливите зборови на Џиџи Буфон до судијата Мајкл Оливер во ЛШ не ги оправда секој. Откако на мечот Фиорентина - Спал беше досуден пенал за гостите, домашните навивачи, познати во Италија по својата иронија му скандираа на судијата Орсато “insensibile“ (безчувствителен), алудирајќи на тоа што легендарниот голман на Јуве го кажа за англискиот арбитар.
Како никогаш до сега Џиџи Буфон се појави пред медиумите со жесток напад врз судијата, без влакна на јазикот, гневен и убеден дека не заслужил да го суди овој меч. Роналдо не разбира зошто се бунеле.
Додека некој ја вика од сè срце, има играчи кои не отвораат уста при интонирање на државната химна. Некој има таков табиет, некои од политички, а некои од верски мотиви не ја пеат химната.