Џиџи Буфон и фашизмот, депресијата, кладилниците и судиските одлуки

Точно, познат е како голманиште, со години еден од најдобрите и најиздржливите во свет, како и људина од човек. Но, како што вели самиот и тој е човек кој греши и е свесен за тоа. Плус отворен и искрен за проблемите кои ги имал во животот, како што е депресијата.

ОБВИНУВАЊАТА ЗА ФАШИЗАМ

Го обвинија дека е фашист откако на дресот додека играл за Парма напишал слоган на Бенито Мусолини. Но во изјава за Ел Паис тврдеше дека не знаел што значат тие зборови.

„Тоа се негативни искуства од животот кои служат да созрееш. Не се срамам од себе бидејќи не го сторив тоа со лоша намера. Кога погрешив, го сторив тоа од незнаење, а не за да испратам некаква порака“.

„Грешките се важни, бидејќи те потсетуваат дека сте човек. Тие ќе те потсетат дека не знаеш ништо, пријателе. Важно е затоа што фудбалскиот свет се обидува да те убеди дека си специјален, но те потсетува дека уствари не си поразличен од шанкер или електричар“.

ДЕПРЕСИЈА

Додека бил на врвот од кариерата, Буфон на 26 години паднал во депресија.

„Богат и славен да, но ме нападна депресија. Не бев задоволен од животот и фудбалот. Чувствував црна дупка во животот“, напиша во својата автобиографија.

„Ако живеете на нихилистички начин и се фокусирате само на фудбал, вашата душа ќе почне да се менува. На крајот сте толку депресивен, што не сакате да станете од кревет. Во тие денови ќе добиете три работи што се многу многу интоксични, но исто така многу, многу опасни: пари, слава и работа од соништата“.

„Едно утро, кога ќе станеш од кревет за да одиш на тренинг, нозете ќе почнат да ти се тресат без контрола. Ќе бидеш толку слаб, што нема да можеш да возиш кола. На почеток ќе помислиш дека си само уморен. Но потоа станува полошо. Сè што сакаш да правиш е да спиеш. Седум месеци ќе имаш тешкотии да најдеш радост во животот. Рутината може да ти стане затвор“.

„Тоа добро ми дојде, затоа што сега не се плашам да се соочам со тешки периоди со моето семејство или на работа. Поминуваш низ тоа преку разговори“.

ПРОБЛЕМИ СО ОБЛОЖУВАЊЕ

Буфон беше под истрага за корупција за време на скандалот со местење натпревари во Италија.

„Нема да се обложувам повторно. Посетував некои платформи за обложување, но не за фудбал. Кога ме поврзаа со скандалот, ме засрамија затоа што ја ставија мојата спортска лојалност во сомнежи“, изјави во 2006-та.

НЕВЕРСТВО ВО 2017-ТА

Поранешната негова сопруга со која има две деца, Алена Середова признала за еден весник дека Џиџи ја изневерил со водителката Илариа Д`Амико.

„Би сакал да дознаам дека мојот брак се распадна на поинаков начин“, изјави Середова.

БРЗО ВОЗЕЊЕ

Откако објави фотографија како се вози додека играше за ПСЖ, Буфон беше фатен со неколку работи.

Прво бил откриен дека вози над дозволеното со 150 км на час. Потоа носел слушалки, а во кола имал и цигари.

ПЕНАЛОТ НА БЕРНАБЕУ

Кога Бенатија беше казнет за прекршокот над Лукас Васкез на мечот Реал – Јуве на Сантијаго Бернабеу, Буфон му го истури гневот на судијата.

Буфон реагираше жестото кон Мајкл Оливер кој потоа му покажа црвен картон, по што Роналдо го изведе пеналот и го совлада Шчесни.

„Ако го досудите тој пенал, не сТе човек, туку животно“, му рече Буфон на Оливер.

ИЗВИНУВАЊЕ

„Жалам што го навредив судијата. Ако го видев два дена подоцна ќе го гушнев и ќе му кажев што мислам за пеналот. Не сум огорчен, мирен сум“, изјави Џиџи.

9 април 2020 - 14:23