10 моменти кои ја одбележаа кариерата на Буфон

Да ја анализираш кариерата на Џиџи Буфон е како да раскажуваш дополнителни 22 години живот. Историски мигови, незаборавни паради, многу трофеи, безброј рекорди и пред сè верност кон Јуве која ја демонстираше со срце дури и во втора лига. Голманиште за кое ќе се зборува и по 100 години.

ДЕБИТО ВО СЕРИЈА А (19 ноември 1995)
Се играше Парма - Милан, а првиот голман на „Млекарите“ Лука Бучи беше повреден. Невио Скала не се одлучува да го пушти вториот голман, туку третиот кој има 17 години и се вика Џиџи Буфон. На првата од неговите 168 настапи за Парма, Џиџи е играч на мечот, а Газета дело Спорт му дава оценка 8. Заслужував 10-ка изјави на шега Џиџи години потоа. Од следната сезона станува стартер.
 
 
ДЕБИ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА (29 октомври 1997)
Откако ги мина сите младински селекции почнувајќи од У-15, Буфон дебитираше на квалификацискиот меч за СП 1998, Русија - Италија 1:1. Селекторот Чезаре Малдини го пушти во 32-ра минута на местото на Паљука кој се повреди.
 
 
ПРВИТЕ ТРОФЕИ СО ПАРМА (1998/1999)
Првата сезоната на успеси во Парма е 1998/1999. Во бандата на Алберто Малезани тогаш членуваа играчи како Турам, Канаваро, Верон, Киеза и Креспо. Прво го освоија Купот на УЕФА во финале со Олимпик Марсеј, потоа Купот на Италија каде се сретнаа во финале со Фиорентина, а на крај и Супер Купот откако го совладаа Милан.
 
 
ТРАНСФЕРОТ ОД ПАРМА ВО ЈУВЕНТУС (2001)
Незаборавно лето за трансфери во кое главната улога ја имаше Моџи. Го продаде Зинедин Зидан во Реал Мадрид за рекордни во тоа време 150 милијарди лири (околу 55 милиони евра). Парите ги инвестираше во Турам, Недвед, Салас и Буфон кој го палти 75 милијарди лири. Ќе освои 9 Скудета, 5 Супер Купови на Италија и 5 Купови.
 
 
ФИНАЛЕТО ВО МАНЧЕСТЕР (28 МАЈ 2003)
На Олд Трафорд се играше италијанско финале во ЛШ меѓу Милан и Јуве. Откако ги елиминираа Барса и Реал, Јуве играше на пенали, исто како против Ајакс кога го победи во 1996-та. Џиџи му ги фати пеналите на Сидорф и Каладзе, ама Дида фати повеќе и трофејот го освои Милан. Буфон беше прогласен за најдобар играч, прв голман кој бил прогласен за најдобар во ЛШ.
 
 
СВЕТСКИ ПРВАК СО ИТАЛИЈА (2006)
По целиот драматичен развој во нокаут фазата и во финалето, Италија ја совлада Франција на пенали 6:4 и стана светски шампион четврти пат по ред. Џиџи му фати една топка на Зидан со глава, која беше симбол на првенството.
 
 
СКАНДАЛОТ КАЛЧОПОЛИ (2006)
Во 2005-та и 2006-та Јувентус кој беше еден од најјаките во историјата ги освои титулите под водство на Фабио Капело. Но кога изби скандалот Калчополи, првото Скудето им го одземаа, а второто му го правија на Интер. Јуве беше исфрлен во Серија Б со казна од 9 бода, а Џиџи заедно со Дел Пјеро, Трезеге, Недвед и Каморанези прифати сезоната 2006/2007 да ја игра во втора лига. Гест со кој дефинитивно им влезе под кожа на навивачите.
 
 
СТАРТОТ НА СЕРИЈАТА ТИТУЛИ (2012)
По ужасното седмо место и неиграњето во Европа, почна револуцијата. На клупа седна човекот кој внесе ентузијазам меѓу навивачите, а тоа е Антонио Конте. Потоа се роди новиот дом, Јувентус стадиум. Бјанконерите немаа се уште немаа толку конкурентен тим, но на две кола пред крај победија на гости против Каљари и ја почнаа серијата. На голот се знае кој беше незаменлив.
 
 
ЏИЏИ КАПИТЕН
На финалето од Купот на Италија на 20 мај 2012-та со Наполи заврши авантурата на Дел Пјеро со дресот на Јуве. Тогаш почна ерата на Буфон кој официјално стана капитен веќе следната година.
 
 
ПРОКЛЕТСТВОТО ВО ЛШ
Единственото жалење во кариерата на Буфон ќе остане пехарот во Лигата на шампионите кој не успеа да го освои. Во 2015-та го загуби во Берлин од Барселона, а во 2017-та од Реал во Кардиф. Последниот меч во Европа ќе му остане оној на Бернабеу против Реал на 11 април кој го заврши со црвен картон откако му урлаше на судијата Мајкл Оливер во фаца за спорниот пенал.
 
17 мај 2018 - 14:44