Микеле Контенто кој брани во најниските италијански лиги поточно во Унионе Финкантиери Монфалконе, ако ви значи нешто, доби црвен картон по само 6 минути игра откако собори на земја еден противнички играч.
Голманот Контенто даде изјава после средбата, ама наместо да биде лут и незадоволен што го набркаа толку рано, тој тераше мајтап пред камерите и го имитираше Џиџи Буфон.
Ги одбра зборовите со кој Џиџи удри по Мајкл Оливер, а му го скина и гласот. Буфон изјави дека Оливер наместо срце имал канта за ѓубре, а мајтапчијава вели дека наместо срце судијата имал пакет пиво :).
„Што сакате да ви кажам? Според мене, еден судија во втора категорија не може да дојде во Монфалконе и да си дозволи да нема чувство да исклучи дечко од 40 години кој го остава срцето, за еден пенал кој беше чист“.„Ако досудиш таков пенал и ми даваш црвен картон во трета минута значи дека наместо срце, имаш пакет пиво“.