Во првото коло од новата сезона во Бизнис Лигата на Македонија Мепсо славеше убедливо над Пекабеско, ЈСП со пресврт освои три бода против Окта, а Еуро Табак и Алкалоид одиграа без победник.
Ситуацијата во германската фудбалска репрезентација не била нималку наивна во изминатите неколку месеци. Се појавиле поделби кои придонеле за лоша атмосфера во соблекувалната. Селекторот Лев не направил драстични промени, туку „чепка“ по малку.
На вториот ден по слетувањето во земјата домаќин на Мундијалот, Deutsche mannschaft го одржа првиот тренинг во базата Ватуники близу Москва и ги израдува присутните деца.
И покрај искрените обиди да објасни што се случило, Илкај Гундоган го исвиркуваше цела „Бај Арена“ во Леверкузен на последната проверка на Германија против Саудиска Арабија пред стартот на Светското. Високата десница бара укинување двојни државјанства.
Во рамките на седмото коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија се одиграа седум натпревари. Најдобар стрелец е Арбен Нухиу од УНИКА, а за екипа на колото е прогласена ЕЛЕМ.
Во рамките на петтото коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 9 натпревари. Виктор Петровски од МЕПСО беше најдобар стрелец со 6 гола, а за екипа на колото е прогласена Адмирал.
Во рамките на третото коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија, најдобар стрелец беше Виктор Петровски (МЕПСО) со 4 гола, а екипа на колото е Адмирал.